Што прават денеска
Рубенс Муратовски
актер
Сосема е сигурно дека денеска не смеам да го пропуштам фудбалскиот меч Арсенал - Ливерпул за да гледам како ние, „ливерпулци“, го „тепаме“ Арсенал дома. Тоа ми е најважната работа викендов, а од понеделник продолжувам со натсинхронизацијата на турските серии.
Ружица Брчиоска
пејачка на „Ареа“
Со одморите завршивме уште минатиот месец, но секој викенд добро доаѓа за освежување на одморските чувства. Денес можеби ќе одиме до Маврово, да ја избегнеме градската горештина во Гостивар. Приквечер, се собираме со групата да направиме проба за настапот на „Пиволенд“.
Војче Китановски
хуморист
Денеска е ден за одмор и за собирање сили и инспирација за последните настапи на културните лета низ општините. Во текот на идната недела ми претстојат настапи во Штип, Крива Паланка, Берово и Ѓорче Петров, па потоа може да се размислува за одмор, по рекапитулацијата на работното лето.
|