Број 3661  сабота, 20 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Повеќекатна Америка

Огнот во кој гориш

Велибор Педевски

За состојбата на експерименталниот хип-хоп по неодамнешниот историски концерт на Company Flow во њујоршкиот клуб Santos Party House

Растргнат помеѓу дилемата „никако, ќе се заплеткаш во мрежата на носталгијата“ и „мораш да одиш, не смееш да не им оддадеш почит на пионерите“, во исто време размислував за последиците од донесување на кое било од двете решенија. На крајот, сепак, тој 16 јули се покажа како у��те еден важен момент во историјата на експерименталниот (андергроунд) хип-хоп. Кого, патем речено, денес речиси воопшто и го нема, секако, не со виталноста и разурнувачката енергија со која во 1996 на драматичен начин отвори нов коридор за една од последните револуционерни музички поткултури.

Сместен на границата од Chinatown, релативно малиот Santos Party House (капацитет 500 луѓе) е, всушност, еден од подобрите њујоршки клубови, во кои често се појавуваат познати диџеи и од светот на електрониката и минималниот техно. Со оглед на тоа што веќе цела деценија хип-хопот е практично бескуќник во градот што му даде живот, Santos се чини како единствено исправно решение концертот на Company Flow да се одржи токму таму.

Прво, мал час по историја: втората половина на деведесеттите години, кога експерименталниот хип-хоп експлодираше во Америка, а посебно во Сан Франциско (Bay Area) и се разбира првенствено во Њујорк, неколку простори се сметаа за храмови на ова движење. Главните од тие места одамна се избришани од мапата. Во период од само три-четири години во сега веце непостоечките Tramps и Wetlands имав можност да ги слушам најдобрите примери на независниот хип-хоп, Kool Keith (Dr Octagon), Anti-Pop Consortium, Souls of Mischief, Hieroglyphics, Black Star, Mike Ladd, Aesop Rock, Mos Def, Pharoahe Monch, Sonic Sum... Но, на најважните од сите тие експерименталци, триото Company Flow морав ете да чекам 15 години откако еден пријател ми го подари нивниот штотуку излезен прв албум „Funcrusher Plus“ (зборувам за есента 1996).

Тоа е еден он оние моменти што никогаш не те напуштаат: подмолни, густи, нерегуларни „beats“, минимални и обоени со брутални, темни нијанси, како и со продукција што со својата суровост, просторност и замагленост сама по себе беше доволна евиденција дека хип-хопот повеќе никогаш нема да звучи како порано. А на врвот од сето тоа доаѓаше апстрактната, тотално некомпромисна поезија.

Иронијата ќе се поигра со Company Flow. До моментот кога во 2000 официјално се растурија како состав, El-P, Big Juss и DJ Mr. Len зад себе оставија само два албума, од кои „Funcrusher Plus“ е практично единствениот документ за работата на сите тројца заедно. Вториот проект, „Little Johnny From the Hospital“, што легендарниот Rawkus Records го издаде во почетокот на 1999 година беше чисто инструментален албум составен од, веројатно, најзастрашувачките ритмички/звучни подлоги забележани во хоп-хопот и во неговото создавање својот придонес го немаше дадено Big Juss, кој веќе се беше упатил по сопствен (не многу успешен) пат. Дел од таа иронија е и овој концерт, прв по точно десетгодишна пауза.

Без никаков нов материјал и по отсуство од цела деценија, ова повторно собирање на Company Flow имаше конотација на „чекорење по тенка жица“. Произлезе дека вистинските следбеници на експерименталниот хип-хоп немаа ништо против што вистинските херои на њујоршкиот андерграунд дојдоа да евоцираат спомени со тоа што најголемиот дел од вечерта ја исполнија токму со материјалот од „Funcrusher Plus“. Изборот на Juggaknots како претгрупа само ја поткрепи претпоставката дека ноќта ќе им припадне на „старите добри денови“. Точно е дека светот претрпел огромни промени во последните 15 години, но начинот на кој „Company Flow“ на фуриозен начин не' потсети на моментите кога се испиша новото поглавје на популарната музика и само докажа дека вистинските пионери не загубиле ниту еден атом од ураганската енергија и софистицираност со која им го отворија патот на сите следбеници. Светот дури сега полека сфаќа колкаво е вистинското влијание на тој историски албум, хип-хоп еквивалент на она што „Giant Steps“ (Coltrane), „The Shape of Jazz to Come“ (Coleman), „Spiritual Unity“ (Ayler) или „Bitches Brew“ (Davis), значи, на креативната импровизирана музика (џез).

Впрочем, со исклучок на DJ Premier (едната половина од Gang Star), мислам дека најбитниот, најоригинален и најкреативен DJ во целиот универзум на хип-хопот без никакво сомнение е Mr. Len, чија работа на тие два спомнати албуми на „Company Flow“ на драматичен начин докажа дека во прави раце хоп-хопот му дава на DJ простор за спектакуларни, непрегледни уметнички екскурзии. Mr. Len е тој што му понуди нова визија на рапот „old school“.

За оние што пред еден месец го преполнија Santos и кои по разни форуми се колнат дека тоа бил најдобриот хип-хоп концерт на највиталниот претставник на подземјето, настанот добива историски пропорции. Меѓутоа, длабоко во ноќта и за време на долгото пешачење низ Менхетен, постојано ми навираа прашања што со себе носеа голема тежина: „Кој може да биде следниот чекор на ’Company Flow‘?“; „Каква е прогнозата за иднината на експерименталниот хип-хоп?“; „Има ли, всушност, релевантна визија за некакво си логично креативно отворање на нови, неистражени простори во хип-хопот, од чија денешна комерцијализација ми се мачи во стомакот?“ Една од оние ситуации кога човек станува сентиментален без основа. Исто како некој да се надева дека едно друго важно движење од истиот период, drum n bass денес може да најде сили да се врати во нов, освежен облик. Светот мора да се движи напред и да бара нови начини и нови поединци што ќе го продолжат еволутивниот процес. Невозможно е во 2011 година да очекуваме дека Company Flow, Mos Def, Souls of Mischief или пак типови како LTJ Bukem, Ronnie Size, Goldie (претставници на револуцијата што ја предизвика drum n bass) ќе застанат пред масите и уште еднаш со батерија ќе ни го покажат патот кон иднината. Време е за нови луѓе, време е за промени.


#
Статијата е прочитана 922 пати.

Испрати коментар

Од: Pepi Terzioski
Датум: 20.08.2011 07:26:55
Odlicno Pope, ali za zal ova ovde vise nikogo ne interesira.
Од: decko i devojka
Датум: 20.08.2011 13:38:21
Pozdrav do pepi, i neka zzivne malku-da ne e taka siguren, deka ovde nema koj da gi cita dragocenite tekstovi na V.P. i ovde ima mladi lugje:), fizicki i mentalno/ a da ne zboruvam za nasiot hip-hop. pa i tie treba malku istorija da fatat. POZDRAV DO VELIBOR.

Најди! во Утрински
Насловна
Стил
Печатено
Паника и страв на берзите
Рецесијата ги избрка метросексуалците
САД го поздравија гестот на Бесими
Лососот ќе почека за да плива во македонските рибници
Сендвичи со домашен шмек
Прстот на Хилари
Само леб и вода за синот врзан со синџири
Пожарот на Пелистер утрово изгаснат!
„Гугл“ ја купи „Моторола“ за 12,5 милијарди долари
Бело како сонот на невестата
Независноста и кичот
Ќе летаме во Истанбул за викенд
Одбележана 30-годишнината на персоналниот компјутер
Голема лекција за децата од паркот
Долги нозе за домаќински муабети
Дванаесет загинати во авионска несреќа во Канада
Домашен хеликоптер, ловиште за „порше“, магаре ТВ-ѕвезда...
Липите курбан, на тополите
Саудиска Арабија и Арапската пролет
Ѓоковиќ против Мареј во финалето на Синсинати
Опозиција за мерак
Жестоки судири меѓу бунтовниците и силите на Гадафи
„Камен е чупено - не ја бидва!“

"""