Број 3661  сабота, 20 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економ��ја
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter

Поглед

Независноста и кичот

Деспина Трајковска

Кај и да е, ќе стаса и 8 Септември, но годинава не вообичаено како и изминатите. Ќе славиме дваесет години од државноста. Бројка со голема тежина, до која стасавме научени да живееме и покрај сите подеми и падови.

Успеавме независни да опстоиме две децении, па заслужено денот треба да се прослави и одбележи достојно. Дали навистина ќе биде така, ќе сведочиме веќе утрото по значајната годишнина.

По сите параметри и нај��ви, не' очекува невообичаена прослава. Стандардните огномети, музичката програма и говори од државниците, овој пат, во знак на големиот јубилеј, ќе бидат зачинети со лајт-шоу, специјална химна, тура со двокатните автобуси.

Промотивно ќе може да влеземе во Музејот на ВМРО, конечно, ќе го видиме споменикот на Александар Македонски во целина, можеби и ќе минеме под симболичната порта на државноста... Изрежирано филмски.

Но, се чини, таа се граничи со мерките за вкусот, тежнее кон кичот, кој во случајов е непотребен. Од достоен празник за одбележување, на скопскиот плоштад како да ќе се случува реално шоу.

Не дај Боже да киксне некој од актерите, малку ќе треба спонтано да се сними клип за најсмешни видеоинсерти. Но, во ризикот од употреба на кранови и лајт-шоу, преку парадирањето на Камен мост и турата со кинеските автобуси, влегоа самите организатори.

Токму оние што, всушност, дента првенствено како да ќе промовираат што сработиле во изминатите година-две. Акцентот ќе падне на дел од градбите на „Скопје 2014“, кои ќе остават печат на едно владеење иако за независноста која ја уживаме веќе втора деценија се заслужни сите што минале на „Илинденска“ б.б...


#
Статијата е прочитана 2001 пати.

Испрати коментар

Од: да_ми
Датум: 20.08.2011 02:27:56
несватлива ми е тенденцијата на авторот да се подбива и цинично да ги претставува реализираните проекти кои на градот ќе му дадат нов белег, со кои градот ќе добие душа и ќе претставува туристичка атракција! АКо за тебе, почитувана авторке, кич е македонската историја насликана на ѕидот од Портата Македонија или Александар придружен од Македонската фаланга, дефинитивно треба да си ги преиспиташ твоите ставови!
Од: Slabo
Датум: 20.08.2011 06:08:26
Ocenka,pomalku od nula za tekstov.Sto sakala avtorkata da kaze so nego,mozebi vo medjuvreme zaboravila.Mnogu slab naslov,bez nikakva poraka,ili "pogled".
Од: ane
Датум: 20.08.2011 09:26:01
Nesvatlivo e kic paradata koja se sprema na kic-plostadot, vo kic atmosvera. Razumen prosecen covek neka kapacitet toa da go razbere. Dali se toa nekoi dojdenci od vselenita koi ja smislija ovaa karikatura od koncepcija i ja realiziraa?? Mi se gadi i veke boleduvam od AGORAFOBIJA- strav od izleguvanje vo grad. Mi trebaat lekovi za da podnesam tolkava kolicina na vulgarnost.
Од: Nenad
Датум: 20.08.2011 09:47:27
Super e tekstot i avtorkata nema potreba da si gi preispituva stavovite. Jas ke i se pridruzam vo gledanjeto na realnoto show i siguren sum deka nekoj od akterite ke kiksne i ke bidat cirkuzi. A za sminkanjeto na gradot, mlad sum, no imam dosta citano i slusano od postarite za samopridenesot. Sto se slucuva so gradbite od samopridonesot? Gordo trulat i gospodski se raspagaat. Toa ke mu se sluci i na barokniot kich, ako predhodno gladniot narod sam ne gi srusi gradbite od gnev. Plukaat po komunizmot, a gi koristat site losi iskustva od istiot. Ironija, bi odpeala Alanis Morissette. Gospod neka im e na pomos, bidejki se goooolemi vernici. Nejse, neka ni e cestit denot na nezavisnosta!
Од: В. Кратовалиев
Датум: 20.08.2011 11:10:23
Јавноста би имала разбирање за авторката на статијата, ако истата, и е уредничка задача и во одредени рамки, но овака не може поинаку да се сватат, "да сe сними клип за најсмешни видеоинсерти", па за "ризикот на употребата на кранови", и на крај одредувањето на "мерките за вкусот", освен како потсвесни посакувања, кои се резултат, зошто они, а не нашите. Приклонувањето во новинарството, кон оваа или онаа страна е општопознат факт, но се си има своја мерка. Но ако сето тоа е во врска со јубулејната прослава за нашата самостојност, мерката е помината, а коментарите се излишни.
Од: toso
Датум: 20.08.2011 13:23:46
ocigledno novinarkava kako da mu pripagja na onaa grupa koi togas pred dvaeset godini ja dozivale nezavisnosta kako kic odnosno nesto nepotrebno za nas ...
Од: general midi
��атум: 20.08.2011 13:26:02
Skopje 2014 e kriminalen proekt za koj nekoj ke mora da snosi odgovornost. Toa e arhitektonsko-urbanisticko zlostorstvo i e primer za nestrucnost, neinventivnost i laicki pristap kon rabotite...
Од: bale
Датум: 20.08.2011 13:56:34
molam da mi objasni nekoj sto znaci zborot kic,pa potoa da diskutirame.
Од: Трпе
Датум: 20.08.2011 14:08:49
Немам чуено,дали на прославата на 8 септември,нашиот вожд че помине низ триумфалната капија ,качен на бел коњ,со точак или пешки.Не че беше лошо да порачи еден пајтон кај мене.Имам нешто научено од занаетот,дедоми беше пајтонџија.Барем и јас ќе се офајдев од проектот Скопје 2014,ќе прославував заедно со нив ,пиејки ладно скопско пиво.
Од: Велјан
Датум: 20.08.2011 15:46:54
На 8 септември ќе ја видиме целата глупоста, забеганоста, кичот, перењето пари.... Ќе потрае тоа 4 часа.... ќе се порадуваме колку гоооолем коњ имаме на плоштад.... и??? .... и после кога ќе отидеме дома пак ќе не мачат истите економски проблеми, неплатените сметки, немањето пари за храна, облека, автомобили... невработеноста и сиромаштијата... корупцијата на Владата, проблемите во здравството.... неизградените патишта и железници... после 8 септември ни останува само гладните стомаци во хор да ни пеат „аце, аце, ај што си убав, ај што си убав... кр`у...кр`у...кр`у...“
Од: KIC- novinar
Датум: 20.08.2011 16:08:53
Za onie koi mislat deka e kic se sto se gradi , daj da vidime da napisat sto ona snobovski za niv kako tie sakaat??? samata avtorka poglednete ja , zakic li ke zboruva ve molam, dali i taa nekogas kaza kako treba da izgleda nelo umetnicko delo na javno mesto ,. Od ona sto nemaat nikakva ideja za nisto osven da negiraat , da kririziraat i nema sto da kazat , go naucile ona KIC i site sega neopradano go korisstat. Ispomenikot na Aleksandar li e kic draga moja novin. TOA E NEVEROVATNO ORIGINALEN PO SVOJTE FORMI!!!
Од: Evski
Датум: 20.08.2011 16:43:53
Kic,kic,kic... samo na nekoj sto ima los vkus za prostorno planiranje moze da mu se dopadne se ova sto se slucuva so Skopje 2014... a prikazna za sebe e sto od seto toa i vo kakvi dimenzii trebalo da se napravi ... nesto od toa sekako ... a da ne zboruvame dali voopsto toa ni e potrebno vo edni vakvi slucuvanja vo svetskata ekonomija ... Skopje dobiva beleg na metropola, smesno ... Skopje namesto da zalici na metropola, se povece zalicuva na grad ispolnet so kiceraj i prenatrpanost na plostadot ... tuka bi se zaprasal ... dali kako nekoi sto miluvaat Ace da go slavat kako tatko na nacijata (figura od istorijata koja do pred nekolku godini nisto ne mu znacese na makedonskiot narod, genski isto bez znacenje za nasiot narod, mozebi povece za Hunzite od Pakistan), treba da gi smenat prioritetite ... mislam deka treba da mu se izgradi spomenik na Tito ... zosto ? onie od postarite generacii treba da se potsetat na istorijata , a pomladite ako ne znaat treba taa lekcija da ja naucat ...
Од: Do Bale
Датум: 20.08.2011 18:58:56
Defninicija na kic: http://www.makedonski.info/search/%D0%BA%D0%B8%D1%87
Од: Dokaten Kinez
Датум: 20.08.2011 23:21:51
Zlatna moja "despo" kicot e vo Vas.
Од: Hari
Датум: 21.08.2011 10:21:18
Na ovoj narod mu odgovara samo rezim kako nasiov koj ne unistuva vece 5 godini i normalno deka ke pagja vo nesvest na kiceraj kako syto e plostadot Sloboda sega posle zemjotresot Skopje 2014 i proslavata od tipot Medrano. Tendzerce i kapace i mnogu volna,

Најди! во Утрински
Насловна
Стил
Печатено
Паника и страв на берзите
Рецесијата ги избрка метросексуалците
САД го поздравија гестот на Бесими
Лососот ќе почека за да плива во македонските рибници
Сендвичи со домашен шмек
Прстот на Хилари
Само леб и вода за синот врзан со синџири
Пожарот на Пелистер утрово изгаснат!
„Гугл“ ја купи „Моторола“ за 12,5 милијарди долари
Бело како сонот на невестата
Ќе летаме во Истанбул за викенд
Одбележана 30-годишнината на персоналниот компјутер
Голема лекција за децата од паркот
Долги нозе за домаќински муабети
Дванаесет загинати во авионска несреќа во Канада
Домашен хеликоптер, ловиште за „порше“, магаре ТВ-ѕвезда...
Липите курбан, на тополите
Саудиска Арабија и Арапската пролет
Ѓоковиќ против Мареј во финалето на Синсинати
Опозиција за мерак
Жестоки судири меѓу бунтовниците и силите на Гадафи
„Камен е чупено - не ја бидва!“
Огнот во кој гориш

"""