Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
14.10.2011, 15:04
Ставрески: Со капитални инвестиции против европската криза




Преку зголемени капитални инвестиции и прилив на свежи средства од странство по поволни услови е начинот на кој Македонија ќе се справува со ризикот што европската криза го носи врз македонската економија.

- Европа нема добро решение за оваа криза и ние сами треба да се справуваме со ризикот што европската криза го носи врз Македонија и да го правиме тоа како и досега. Треба да бидеме реални, да ги стегнеме сопствените сили она што можеме да го направиме за сопствената земја, никој од надвор не може да ни помогне. Сами треба да работиме за да си помогнеме и во тој дел Македонија има многукратно подобри перформанси од Грција и од која било земја во делот на економската стабилност, растот, во делот на задолженоста, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето Договор за заем меѓу Град Скопје и ЕБОР за финансирање на реконструкцијата на улицата „Првомајска“.

Министерот додаде дека состојбата во Грција нема да се поправи на краток период и оти би било веројатно предимензионирано да се очекува дека некој некому нешто ќе надомести во о��нос на штетите што ги предизвикува кризата.

- Грција е во голем хаос во сопствените проблеми. Очигледно е дека Европа засега нема добро решение и би било добро Европа да ја пресече оваа криза, односно што побрзо да го официјализира банкротот, кој е извесен за Грција што ќе помогне да се стабилизираат пазарите, бидејќи се додека има ваква неизвесност ситуацијата нема да се подобри за овој регион, за Македонија, за ЈИЕ. Европските политичари конечно треба да си ја преземат одговорноста и да решат некои прашања освен што само ги дебатираат, истакна министерот и додаде дека ако Европа се плаши да го употреби нашето име во Извештајот не може да очекуваме дека ќе ни надомести некакви трошоци поради штрајк на грчките цариници. - Впрочем, како што рече, тие го знаеја тоа дека Грција е во лоша состојба и дозволија да се случи ова што се случи.

Во врска со износот кој е потрошен за Пописот, министерот Ставрески истакна дека законска обврска на Државната пописна комисија е во рок од три месеци да подготви извештај за вкупната реализација и износот на средства потребни за негова реализација.



Статијата е прочитана 569 пати.

Испрати коментар



Отворени граничните премини кон Грција
Хотелот „Сити Интернешнал“ го поплави ГТЦ
Владата на Берлускони доби доверба
Се зголемува трговската размена меѓу Македонија и Косово
АЕК објави повик за доделување фрекфенции за 4Г
Муса Џафери - Да се разгледаат сите фактори за пропаѓањето на пописот
Возач на ЈСП нападнат во Сарај
Филе - Топката сега е во дворот на Белград
Турска донација во опрема за АРМ, вредна 900 илјади долари
Хуманитарна трка во Бон за Македонија
Папандреу - Грција има потреба од радикални промени
Собранието ја продолжува расправата за прекин на пописот
Се намалува цената на суровата нафта
Грчките премини блокирани наредните десет дена
Отфрлена тужбата за силување против Строс-Кан
Се самоуби поранешен директор на затворот „Идризово“
Само пеш ќе може да се влезе во Грција
Иванов со писмо до Баросо изрази незадоволство
Тимошенко може да биде ослободена следната недела
Богов тврди дека македонските банки се стабилни
Арифи - Извештајот е позитивен, преговорите и натаму условени со името
Еден загинат и тројца тешко повредени во сообраќајка кај Лешок
Вадефул - Блокадата на Македонија не е европско решение
Секс штрајкот во Колумбија вроди со плод
Маж уби осум ��ица во фризерски салон во Калифорнија
Пратениците ќе расправаат за прекинувањето на пописот
Владата утврди престанок на важење на Законот за попис
Извештајот на ЕК повторно без придавката „македонски“
„Транспаренси“ бара кривична одговорност од Ставрески
Србија доби препорака за добивање кандидатски статус за ЕУ
Ховит - Следната година клучна за евроинтеграција на Македонија
ЕК по трет пат препорача почеток на преговорите со Македонија
Бузек - Бугарија и Романија за неколку месеци во Шенген зоната
Вељаноски очекува ЕУ да ги почне преговорите со Македонија
Експлозија тешко повреди работник во селото Тресонче
Сточарот од кочанско Зрновци бил убиен од цимерот
Кина и Русија потпишаа спогодби тешки седум милијарди долари
Републиканците го блокираа Обама во борба против невработеноста
Вонредна седница на Владата поради прекинот на пописот
ЕК денеска ќе го објави извештајот за напредокот на Македонија



Менталист, 14.10.2011 17:10:11
Да не се сведат капиталните инвестиции во ловиште за елени-капиталци?!
Трпе, 14.10.2011 18:03:41
Кум Ставре а нешто каже гарант лаже.Кажувајки дека ќе има капитални инвестици во РМ ,чоекот мисли дека капитални инвестици че има фамилијата.Се додека има овци ке има и волна а фамилијата ке се богати.Нормално е овците да се стрижат.Е зима иде па ладно ке и било на овците.Кој им е виновни кога од тоа што го знаат е само да блејат.Никогаш нема да научат да пеат како славеи.Но кум Ставре ке каже дека ке инвестира во поквалитетна трева за по некое врњеме овците да пеат како славеи.
Goran, 15.10.2011 01:58:06
Gi frlija parite na apsolventi da pravat skulpturi za stotici iljadi evra, a sega? Ako tolku cutame na ekonomski plan kako drzava, zosto togas ovie milionski zaemi? A Stavreski? Utre koj ke gi vrakja parite? T.e. utre na sto ke skratish troshoci za da vrakjash krediti? Na bolnici, na obrazovanie, ili na skulpturi i reklami na sitel?

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 12°C

Облачно

Сабота
Претежно облачно
Макс: 13°C, Мин: 1°C

Недела
Ведро
Макс: 12°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
 
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |