Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
13.10.2011, 17:39

Македонија стана лош пример за регионот

Што го изнервира толку премиерот да го нападне лично еврокомесарот Штефан Филе?

Слободанка Јовановска


Приказната за големиот прогрес на Македонија не успеа да помине во Брисел. И да е сличен извештајот годинава на тој од лани (а не е бидејќи е полош), и да е позитивно тоа што третпат добивме препорака за преговори со ЕУ, тој официјализираше н��ва политичка реалност - дека две држави од регионот направија голем чекор, а нашата остана на истата позиција, па и заостана реално, бидејќи се нацрта нова евроинтеграциска карта на Балканот. Во недостиг на ЕУ амбасадор кој ќе ни биде виновен за тоа, премиерот Никола Груевски го искара еврокомесарот Штефан Филе бидејќи кажа дека во клучните области Македонија не направила којзнае какви реформи и, ако таквата состојба продолжи и натаму, можно е да се повлече препораката за преговори.Ова е првпат јавно и директно да се оспори извештај на Европската комисија за Македонија, иако на сите ни е јасно дека Брисел е екстремно педантен во забележувањето што е позитивно а што не е во реформскиот процес на земјата. Премиерот го обвини еврокомесарот дека пренагласено ја критикува Македонија, само со цел да направи притисок врз нас да се реши спорот за името на државата.Фалеше уште да каже дека Европската комисија е филијала на СДСМ, па да добие ново „браво„ во земјата од оние кои мислат дека Македонија не е доволно мала да се скара и со Европската унија.

Според премиерот, критиката на Штефан Филе била пренагласена во однос на судството, корупцијата и јавната администрација, проблемот со слободата на медиумите бил „наводен„, а критиката дека се половични реформите дошла во година кога, не со едно, туку со три срца сме ги спроведувале, откако претходните 17 години не ги спровел никој. Иако на премиерот, како и на сите во Македонија, не може да му се оспори правото да каже што мисли за извештајот, па и да го критикува, непродуктивно беше тоа да го прави на начин што ги загрозува позициите на земјата, која го избра да ја води напред а не да му лепи етикети на еврокомесарот за проширување на Европската унија. Односно критиката да не ја префрла на личен терен, па во стилот на кавгите со Ерван Фуере, Филип Рикер, Јелко Кацин и други европарламентарци да не качи едно ниво погоре во пресметката со тие на кои сме им дале право да не оценуваат, бидејќи сакаме да бидеме дел од ЕУ и НАТО. Дека кавгата нема тука да застане покажа вчера писмото на претседателот Ѓорѓи Иванов до претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо, во кое се пожали на селективното почитување на стандардите на ОН во употребата на придавката „македонски„, нешто што го направи и лани а резултатот е уште полош. Годинава, имено, не само што не се спомена „македонски јазик„, туку не се спомена воопшто никаков јазик, па ни државен, кој лани беше предмет на силна критика од власта.

Реакциите на премиерот и на претседателот по извештајот на ЕК покажаа сепак дека двајцата добро ги сфатиле пораките, па побрзаа да им го сменат тонот. Дали им успеа, е друго прашање, особено по изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека извештајот е реален, па не сака да го коментира настапот на премиерот, бидејќи „ДУИ не прави површински туку содржински анализи на пораките што доаѓаат од Брисел„.Поблиску до земја беше и вицепремиерката Теута Арифи според која извештајот е тоа што ние го пишуваме за нас, т.е. нашата реалност, а датумот за преговорите како и изминатите две години е поврзан со решението за спорот со името. Таа повика на политичка волја во Македонија и во Грција и на малку помош од страна на Европската унија за да се реши спорот и Македонија побрзо да се вклучи во процесот, во време кога со новата реорганизација на Западниот Балкан други земји добиваат повисок статус во односите со ЕУ. „Како земја кандидат Македонија веќе чест години чека почеток на преговорите за членство. Поради оваа блокада, слободата на медиумите и владеењето на правото стануваат сериозно загрозени во земјата, а може да дојде и до одземање на препораката за преговори“, беше првата реакција на Јелко Кацин според кого на Црна Гора нема да и се повтори чекањето на Македонија и оваа земја станува нов предводник на евроинтеграцијата по влегувањето на Хрватска во ЕУ.Според Кацин испаѓа дека Македонија не само што заостанува туку станува и лош пример, па добро е што ЕУ најде друга земја да го влече овој процес на Балканот.

Што е тоа што, сепак, го изнервира толку премиерот, за да првпат му се обрати со ваков тон на еврокомесарот? Една од причините е желбата за дефокусирање на вниманието од губењето на чекорот со други земји во регионот, кое ја прави подалечна нашата евроинтеграција и ја тера јавноста да се запраша што ќе биде со Македонија ако остане закотвена со најпроблематичните држави во соседството. Втора причина е најавата на Брисел дека ќе и го одземе најсилниот популистички адут на Владата во создавањето алиби за невлегувањето во Унијата, спорот за името. Филе јасно најави на прес конференцијата дека и да се реши спорот со името реформите ќе бидат тие кои ќе ни пресудат натаму дали сме подготвени или не за преговори со ЕУ. Инфраструктура место споменици, медиумски слободи место притисоци, отчет место тајност на јавните трошоци, вистинска а не фингирана борба против корупција, јавна администрација а не владин сервис, почитување а не само носење закони и вистински преговори за името а не барање изговори - беше клучното барање на Европската комисија. Иако е легитимна реакцијата за спорењето на македонскиот јазик во извештајот на Европската комисија, прашање за нас е што успеа да постигне државниот врв оставајќи впечаток дека тој проблем го користи за да го сврти вниманието од критиките за реформите во земјата.Односно каква е таа политичка логика да презема потези кои на крајот ги чувствуваме на нашиот грб, и во однос на спорот за името, и во однос на јазикот и во однос на сега веќе највисокиот ешалон на функционери во ЕУ.

 


Статијата е прочитана 5580 пати.

Испрати коментар



Државата да престане да биде газда
Грчката дијаспора бара порадикални црвени линии
Ховит бара Владата да ги забрза реформите
Театар во коалицијата
Ахмети
Уште Парламентот да го отпише пописот



OMD, 14.10.2011 00:17:25
Primenete e strategijata na dr Igor Janev. Se drugo e magla.
jas, 14.10.2011 00:21:52
novinarke novinarke kaj ke ti odi grevot rabotish protiv sopstvenata zemja MACEDONIA
makedonce, 14.10.2011 00:35:54
zarem ima makedonec sto eu ne go nervira???????
Vancho, 14.10.2011 02:29:11
Ami muka vo stomak me faka od EU i Nato koi se organizirana ligalizirana Mafija od samite sebe se potochno bifshite Kolonii koi sakat da prodolzat da go Kontroliraat Svetot -Nov svetski poredok ne je nishto drugo vo koj gi vleche koncite Paganskiot Vatikan koj koristi svoji tajni organizacii kako Masha za da moze da go Potpluva i Razgoruva Svetot za sekoj koj ne mu poljubi-Celuva-Peticite kako i vo Proshlosta na Duhoven Mrak koj bdejeshe so Vekovi na EU i Balkanot.Zatova i ke se Raspadne zashto previshe je Prepleten vo svojite Zlobi a Bog Prebiva vo Videlina a ne Mrak.Ke im dojde Krajot skoro na nivnoto Bezumje a sakali ili ne Paganska Grchka ke si Propadne vo svojeto Bezakonije.Istorijata uvek se ponovuva.
Ljubotan-Trade Name, 14.10.2011 03:03:02
Novinarkata e mnogu ljubazna,a Verskite slobodi vo Makeddonija. A, predsedatelot Trajkovaki imase, i ima Crkva so Stortina Vernici Registrovani i Priznati vo R. Makedonija , a Skopska Crna Gora nema pravo na svoji Srpski Svestenici i svoja Crkva?! Imate li hrabrost mojov komentar,da go pustite?
od goche, 14.10.2011 05:14:58
Slobodanke kolku pari te platija Grcite da go kritikuvas Gruevski, a sto stana so jazikot? ti go posekoja!! Stram da ti e ako mislis i ti si nekoja nezavisna novinarka, znam Vesnikot nema da go objavi ovaj komentar kako i mnogu drugi moj komentari.
kiroUSA, 14.10.2011 05:49:10
Realnosta e taa samo sto nie imame takanareceni politicari i diplomati sto se samo za vo cirkus , ane da ja unistuvaat MAKEDONIJA. Aloooo ima li razumen covek dosta e od ovie cirkuzanti.
USA, 14.10.2011 07:24:21
Na koj jazik e napisana statijava?? Toj nespomnatiot? Ako se vodime spored Brisel, dali treba statijava da ja zememe vo predvid?
Joco, 14.10.2011 07:32:57
текстот нема везе ... како може да бидат загрозени позиции кога самата (не)унија е загрозена ... башка, не се фактор да делат препораки, него МК мора да им даде препорака како да се справат со кризава ... по пример на МК .... размислувајте малку кога штанцате глупости ....
komentar, 14.10.2011 08:21:27
Поблиску до земја беше и вицепремиерката Теута Арифи......... Таа повика на политичка волја во Македонија и во Грција и на малку помош од страна на Европската унија за да се реши спорот и Македонија побрзо да се вклучи во процесот, во време кога со новата реорганизација на Западниот Балкан други земји добиваат повисок статус во односите со ЕУ. da go iskomentirase ovakviot odnos na minister od vlada koj zbori od ime na vlada a zvuci kako da e stranec zamisli se malce
mihajlo, 14.10.2011 08:30:36
Navistina e nebulozen odnosot na EU cij clen e i Grcija kon Makedonija vo odnos so imeto.Ovoj odnos vo vrska so prasanje koe e navistina iracionalno,da bide precka vo pocetokot na dvaesetiprviot vek e navistina smesno.Jas kako gradjanin na ovaa zemja ce se slozam so site kritiki upateni vo odnos na sudstvo,administracija,novinarstvo,ekonimija i slicno,no nikako ne mi odi vo glava embargoto na edna propadnata ekonomski zemja.Ako nee tragicno togas e smesno.Od tie pricini mislam deka i EU e smesna organizacija.Poraka; Da se svrtime i da gi ispravime site raboti koi ce ni go podobrat zivotot,a dali EU ce ne primi vo svoite redovi za mene nee bitno.Bitno e da vnatre vo zemjata bideme sploteni za najvaznite raboti.No za zal po se izgleda deka toa nee mozno.Nee vo red ako Gruevski ima eden stav a Ahmeti drug.Toa ne moze da ne sploti.Za zal po se izgleda deka sme daleku,ne samo od Evropa tuku i vnatre.
Македонец, 14.10.2011 10:07:37
Абе луѓе, ако верувате вие на политичари и политички изјави, и истите дека се вистинити имате проблем со перцепцијата... ЕУ си води своја политика на интерес, па дури и да е нешто добро, ако не и е на нејзе од корист ќе го зацрни... се во името на НЕЈЗИНАТА ДЕМОКРАТИЈА...а вие и понатаму следете ги нивните директиви како да се безгрешни и мислете дека тие горе во Брисел работат за наше добро... Тие си работат за нивното добро...
devicanecot, 14.10.2011 10:09:17
Dali avtorot na tekstot e od Makedonsko ili grcko poteklo? Pa barem eden zbor dobar da napise za svojata zemja....
Стратегијата на Јанев не вреди ни пет пари, 14.10.2011 10:26:02
Да вредеше ќе беше применета.А не вреди затоа што НЕМА дополнителни услови за прием на РМ во ОН (РМ е веќе примена во ОН со привремено име БЈРМ).Тоа што од нас го бара Советот за безбедност (примањето на РМ под привремено име БЈРМ и преговори со Грција за разликите околу името),а што Јанев го нарекува ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛОВИ ЗА ПРИЕМ ВО ОН,е само напор на СБ на ОН,преку преговори на двете страни ДА СЕ ЗАЧУВААТ МИРНИТЕ ДОБРОСОСЕДСКИ ОДНОСИ ВО РЕГИОНОТ,за кои СБ на ОН заклучил дека се нарушени со појавата на разликите околу името.Тоа е легитимно право на СБ на ОН.
Сашо, 14.10.2011 10:42:50
За вака да се критикува својот а да се величи туѓиот , мора да ти плати некој. Да ме убеди некој дека Црна Гора подобро се справува со криминалот и корупцијата и затоа доби датум за преговори е сосема невозможно!
Mudrec, 14.10.2011 10:46:21
Dada Botka e beznadezen EU fanatik :).
Istocna Makedonija, 14.10.2011 10:48:12
Deka ima sila,nema pravdina.Toj sto go molis ne treba da go lutis.Razdeli pa vladej-se mnogu mud ri i sofisticirani izreki.A,nie za zal se podelivme na patrioti i predavnici.Sega,patriotite duri se i voin stveno raspolozeni i povikuvaat i na protesti protiv EU vo nekoi mediumi.Non sens!A,predav- nicite,uporno zagovaraat deka EU e vo pravo i deka e urgentna nasata Evro-Atlantska integra cija.Vistinata e nekade na sredina,treba ingeren tnite da ja pronajdat i primenat.Vo interes na gra ganite i drzavava!Od neutralen patriot!
Гоце Македонски, 14.10.2011 11:42:46
Што го изнервирвирало премиерот Груевски да го навредел евркомесарот за проширување. Некој да дојде кај вас или кај кого и да е и во вашиот дом да ви донесе покана за на свадба без адреса каде ке одите.Еврокомесарот го направи тоа.Донесе из��ештај за неименуван народ неименувана држава и неименуван јазик.Незнам како ја прими премиерот Груевски,Јас да бев премиер не ќе ја примев оти на таква адреса не живеам . Затоа мислам дека Македонија треба да седне да ја дотера економијата а преговорите да ПРЕСТАНАТ БЕЗУСЛОВНО,затоа што од нас се бара најскапата цена . ДА ИЗВРШИМЕ АФТОГЕНОЦИД.
Bukefal, 14.10.2011 11:43:40
Народе Македонски тоа е вистината, се си е убаво пишано во извештајот: 1. Лошо и непрофесионално, партизирано судство. 2. Корупција владее. 3.Медиумите се корумпирани, а тие што не можат да се поткупат се затвараат со помош на партизираната полиција и судство (Пример:A1, Шпиц, Време, Кохадиторе.) Европа не ни е крива, криви ни се водачите што се уште не водат кон амбис. Сега ако не ја искористиме оваа препорака за членство во ЕУ, во следниот извештај поради катастрофалниот попис сигурно ќе не откачат за можен кандидат за членка, и после пак некој ќе ни биде крив од страна, можда Пападопулос!
mene, 14.10.2011 11:45:19
Жено за жалење си.
Tina, 14.10.2011 11:45:48
Da, losi sme oti ne se predavame na bezumnici. Im davame na site primer za samostojnost na edna drzava e nijnoto pravo na egzistencija, a toa ne im cini na EU. Oti mnogu ja sakat nijnata novo stvorena Grcija. EU ne moze poveke da izrdrzi upornost na Makedoncite. Oti EU ne ne poznava koi sme. Tie ne znajat da Makedoncite pametat koi se cak od antikata pred da se znae za Bogovite na Olimp planina. I sega sega nie sme losi oti ne se predavame na ulavite i nijnite izmislotini. Da, nie sme losi a tie? se nemogucni.
kiki makedonaki, 14.10.2011 12:21:26
Што сте навалиле на новинарката. Па таа не ја руга Македонија,. Таа казува сто направиле премиерот и претседателот да ги спроведат препораките на ЕУ. Сега се прашувам чии мислења се повалидни на Груевски и на Иванов или на Европската комисија. Нема дилема. Премиерот и претседателот треба да ја водат Македонија кон ЕУ и НАТО , барем како што секогаш велат дека се за ЕУ и НАТО а не да го оценуваат мислењето на европската комисија. Каде сме сега? Ќе го почитуваме ли мислењето или пак ќе го отфрлиме затоа што на Груевски не му се допаѓа кажаното во лице. Зарем низта протести во Македонија, А1, Космос, собирање на пари за лечење во странство и др. не го кажуваат истото што и Филе. Наведнете се малку и погледајте доста со главата горе. Ако нешто сакаме треба да се трудиме да го добиеме
ФЕЛИКС, 14.10.2011 12:55:41
Што го изнервирало премиерот и не е толку важно кога некој на сите ни ја омаловажува државата.Негативни оценки имало и ќе има ама од извештај до извештај се што е под ,,македонско,, го снемуваше и на крај од сегашниов извештај исчезна и референцата.Е тоа треба и да не изнервира и да реагираме без разлика на партиските припадности и симпатии.Властите се менлива категорија државата ние единствена и постојана,немаме друга резервна.Барем треба да покажеме елементарен почит кон сопствената држава кога некој ни ја омаловажува со игнорирање на она ,,македонското,,.
bhc, 14.10.2011 13:39:01
Samobendisaniot prodolzuva da se cuka po ramo samiot sebe a negovite slepi sledbenici so isprani mozoci vikaat URAAAA ... TRI PATI URA za Bokserot so tri srca... gledajte kakvi udari zadava... so eden aperkat ja nokautira EU...marionetata Ivanov se vtrcuva vo ringot i mu ja kreva rakata na pobadnikot...slepite sledbenici so isprani mozoci se vo trans...go krevaat na ramena Vozhdot so tri srca i se upatuvaat kon plostadot pred Aceta Golemiot...zapocnuva proslavata na- vtoriot po znacenje den posle 8-mi Septemvri-denot koga BOKSEROT JA NOKAUTIRA EU.Ispranite mozoci skandiraat...GRUJO E NAS NIE SME GRUJAVI...DA ZIVEE GRUJAVSKA MAKEDONIJA...REPUBLIKA GRUJOVSKA MAKEDONIJA e ime sto go sakame, samo ova ime ne ni go menuva nasiot identitet,so ova ime si go zadrzuvame nasiot anticki identitet.Nie sme Anticki Makedonci, sme bile i ke bideme za vek i vekova.Nikoj toa ne mozi da ni go odzeme.Da crknat nasite dusmani.
Marija, 14.10.2011 13:47:02
Инфраструктура место споменици, медиумски слободи место притисоци, отчет место тајност на јавните трошоци, вистинска а не фингирана борба против корупција, јавна администрација а не владин сервис, почитување а не само носење закони и вистински преговори за името а не барање изговори - беше клучното барање на Европската комисија Jas navistina ne gladam problem so baranjata na EU, so isklucok na poslednoto - za imeto. Zar postoi covek sto misli deka sme ispolnile nekoi od gorenavedenite baranja??? Ne sum za vlez vo EU po sekoja cena, no mislam deka ni fali doza realizam koga se gledame vo ogledalo. A sto se odnesuva do nasive kvazipoliticari, ne bi trebalo da ja prefrlame vinata na istite, od pricina sto nie sme tie sto gi izbravme.
Jован АН, 14.10.2011 14:19:12
Што го изнервира премиерот за да го нападне лично еврокомесарот Филе? - прашува познатата бриселка Слободанка Јовановска.За чудење е колку се прави наивна.Или и понатака мора по секоја цена да се напаѓа Македонија како непопустлива во спорот со јужниве?Па зарем госпоѓата сеуште не гледа дека се работи за македонскиот идентитет,а не за името на државава?Одговорот на господинот Премиер е достоинствен и на место.Тој никого не напаѓа,само ја потенцира лицемерноста на европската бирократија и разочараноста на Македонците.Со овој извештај ЕК целосно се стави на страната на својата членка.Не верувам дека на Вашата дописничка тоа не и’ е јасно.
Кољо, 14.10.2011 14:27:36
Ако ти Слободанке се чувствуваш како европејка(што и да значи тоа) јас се чувстувам како македонец. Ако ти Слободанке ја пикаш главата во песок кога некој те напаѓа, јас стојам гордо и возвраќам на нападот. Ако ти Слободанке немаш самопочит и гордост, јас си ја почитувам нацијата, јазикот и себеси и се гордеам што сум македонец. Ако ти Слободанке се продаваш за пари, јас имам принципи и чесност. Спинувањата од типот извештајот е лош, нема да поминат бидејќи ако немаше напредок ке добиевме негативен извештај, а не позитивен со повторна препорака за датум за преговори. Спинувањата од типот власта не е кадарна да не внесе во ЕУ нема да поминат бидејќи ЕУ бара од нас промена на името и систематски не брише од картата на европски нации, а власта не дозволува поигрување со нашето име и идентитет. Зарем тебе Слободанке не те здоболе што нема ништо македонско во извештајот??? Нема македонец што нема грутка на срцето од ова што се обидува да ни го направи ЕУ. Слободанке... Македонка л
Goki, 14.10.2011 14:59:27
Eeeee Slobodanke do kaj stigna... Na EU da im pravis lice a protiv tvojot narod da plukas. So sreka neka ti e...
Nekoj, 14.10.2011 15:22:55
Mnogu cudni komentari. Evropa da ne e demokratska, takvi unazadeni i nedooformeni nedemokratski opstestva kako Makedonija nema ni da saka da gi primi. No ete sepak se otvara za site evropski zemji. Sto e Evropa kriva sto sto bolnicite vi se vo raspaganje, ucilistata isto taka, sto imate sela vo 21 vek bez voda! Sto imate partizirano sudstvo i vprocem nikoj ne dobiva rabota bez partiska kniska?? Toa vo Evropa e nezamislivo. itn itn. I zaprasajte se dali Makedonija e vo podobra pozicija vo svetot denes ili pred 6 godini? Sto ja napagate novinarkata, zboruvaj te so fakti. Dobro e sto ne vi vovele sankcii kako na Severna Koreja... sto se uste ve tintraat. Neblagodarnici i nesposobni.
Ekonomski, a ne politicki kriteriumi, 14.10.2011 15:40:03
Kako gledam kriteriumite za priem vo EU se samo navidum politicki, no tie vsusnost ne sakaat nerazvieni zemji vo svoe drustvo. Od bivsite YU prvo ja primija najrazvienata Slovenija, sledna e taa vednas do nea po prosecnata plata, Hrvatska, a sega na prvo mesto izbiva Crna Gora. Site tri zemji so izlez na more. A nie, so ime ili bez, so drzava ili bez, ke si pocekame. Ocigledno e deka treba da se potrudime poveke da ni bide podobro, da se svrtime kon ekonomski razvoj, gradenje na infrastruktura i energetski objekti, da se izvrsat reformi na javn. administr., da gi pocituvame zakonite, pred se za nas da ni bide ubavo, ne tolku zaradi niv.
Klime, 14.10.2011 15:53:33
Доста е од игнорантскиот, потценувачки, дискриминаторски и геноциден однос на ЕУ кон Македонија. Без разлика дали сме напредувале или назадувале - ништо не може да го оправда ваквиот начин на омаловажување на нашиот национален идентитет, јазик, култура и историја. И не само Груевски, не само Иванов туку и Црвенковски и сите останати политичари треба да се сплотат заедно со народот и да изразат најостар протест против ваквата како што ја нарекуваат во Брисел пракса. Првин сме луѓе како сите останати, а дури потоа добри или лоши, диктатори или демократи, политичари или обични работници, бизнисмени, мажи, жени, хомосексуалци, хетеросексуалци...
Sasho Manevski, 14.10.2011 16:18:59
Gospogjo Novinarke Jovanovska, Vashata statija e pre edno dimenzionalna i tezishteto i akcentot go stavate samo na makeodnskat vlada i Gruevski i negovata reakcija. Bi bilo dobro da spomnete zoshto brisel ja izbrisha pridavkata makedonski, ne vrshi pritisok na Grcija da go priznae makedonskoto malcinstvo i vodi dvolichna politika kon makedonija i drugite zemji clenki. Brisel e partner a ne shef koj mikromenagjira drzava. Za onie sto go sakaat brisel da im bide shef peki, ke najde milion zabeleshki na nashava mlada demokratka i nepravedna drzava koja teshko gi sproveduva zakonite. Megjuta ako partnerski gi postavite rabotite kritikite ke idat vo dva pravca za da se izbalansira edna sredina!
jas, 14.10.2011 16:53:13
Koga vi kaze nekoj vistinata vije vo Makedonija mislite deka je sve lose i da je evropa kontra vas ali vije ste sretni koga vi napravi Grujo na trg slavlje i ste site sretni.Mislite so glava a ne da misli Grujo umesto vas.....
slartibartfast, 14.10.2011 18:51:22
Fakt e deka nema sloboda na govorot i mediumite, fakt e deka ima korupcija vo administracijata i sudstvoto, fakt e deka vestacki se predstavuva efikasnosta na sudstvoto, fakt e deka ima politicki zatvorenici, fakt e deka lugeto se se poveke isplaseni da se sprotivstavat na vlasta, fakt e deka ima namesteni tenderi. I sega nekoj vmrovec ke mi kaze deka ne e taka.
od ostrijot, 14.10.2011 19:01:01
premijerot nee naucen nekoj damuja kaza vistinata vo oci no edno e sigurno so falbi i lazi nese vleguva vo EU nego samo so demokratski reformi a reformi nemame bas nikakvi,
Nekoj, 14.10.2011 19:26:17
Za da se napadne svoeto i da se izvlece maksimum fala od EU, kaj nas e kako dobar den za mnogu luge, ama i za novinari. Gospogo Jovanovska, podigni go tepihot na EU i ke vidis kolku gubre ima tamu skrieno, ima da se ugusis od smrdea.I File i site tamu vo(EK) se obicni luge, koi kako bi rekle kaj nas, ja zloupotrebuvaat svojata sluzbena polozba, i nisto drugo.Koga sekoj koj ke mi dojde doma i si dozvoli da me , ke kazam zafrkava, togas mu ja pokazuvam vratata za 2 sekundi, da bev licno na mestoto na Gruevski, ke si zaminev dodeka treskase Gosp. File gluposti.A novinarite koi go slusaat bi trebalo da pokazat malku pocit kon svojot narod, i da ja napustat salata koga Makedonija i Makedonskiot Narod se navreduvaat na belosvetski brifinzi, da im kazat DOSTA E od navredi, ama za zal toa ke go sonuvame, zatoa sto nema uste takov heroj kaj nas.
нормален текст, 14.10.2011 20:10:06
конечно нормален текст. Браво и за за ставовите аи за храброста
deko, 14.10.2011 21:25:32
Sto ne ti e jasno vo odgovorot na Gruevski, istite tie slabosti gi imaat i poveketo zemji od EU a ne Makedonija.Razocaruvacki e toa sto EU sto i da napravi MAKEDONIJA sepak za da vleze vo EU od nas se bara da go smenime imeto a potoa jazikot i na kraj identitetot.Zar toa ne e razocaruvacki vo 21vek da se bara toa od edna zemja kandidat za clenka vo EU VO ZAEDNICA NA DEMOKRATSKI NARODI??????????????????
Petar, 14.10.2011 22:33:56
se soglasuvam so poveketo deka tekstot nema smisol i deka ne e vo red da se brani EU, a nie da si stavame rogovi!
Od mene, 14.10.2011 22:39:42
Dosta veke evropski lagi, dosta veke evopski maki Ili ne sakaat i ni pomagaat, ili ne grubaat i odlagaat. Vavilonska bludnice, pusta da ostanes, nie sme podobri od seto sto go imas i nemas. Da zivee gordo Republoka Makedonija
Atanas, 14.10.2011 23:15:21
Toa e realnosta, a ako narodot prodolzi slepo da mu veruva na gruevski Makedonija ke potoni mnogu brzo. Najgolema diktatura vo Evropa i najsiromasniot narod, sigurno i zalosno no toa e vistinata.
mario.usa, 14.10.2011 23:26:19
vo potpolnost se slagam so mihajlo.toa sto mihajlo go napisa e vsusnost toa sto makedonija treba da go napravi.nisto povece.i na kraj:mi se smaci od ovie politicki pripadnici na ovaa ili onaa partija i nivnite komentari.daj ostajte ne neopredelenite[nepartiski] na mire da kazeme po eden[realen] zbor.
Zoran, 15.10.2011 03:18:58
Makedonija e odlichen primer za drugite. Im otvara ochi na lugeto da vidat kava pravda tera Evropa. Sramota za Evropa ne za nashiot premier.

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 0°C

Делумно облачно

Четврток
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 4°C

Петок
Ведро
Макс: 21°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |