19.10.2011, 16:22 Ренова го декласира Тетекс
Фудбалерите на Ренова ја забележаа најубедливата победа во првите четвртфинални мечеви во Купот на Македонија.
Тимот од Џепчиште го декласира соседот Тетекс со 6:0 (полувреме 2:0) и уште отсега може да се прогласи за прв полуфиналист во ова натпреварување.
Домашните екипи обезбедија одлична предност пред реваншите и во останатите два вчерашни попладневни натпревара (Вардар и 11 Октомври требаше да играат синоќа). На „Борис Трајковски“ екипата на Работнички го совлада Напредок со 4:1 (полувреме 2:1), Хоризонт во Турново беше подобар од Брегалница со 3:1 (полувреме 0:1).
Куп на Македонија, четвртфинале, први мечеви
Резултати: Ренова - Тетекс 6:0, Работнички - Напредок 4:1, Хоризонт Турново - Брегалница 2008 3:1. Вечерва играат Вардар и 11 Октомври. (С.Д.)
|