20.10.2011, 15:42 Го каснала оса и починал
Гостивар - Гостиварец починал од убод на оса. Овој несекојдневен настан се случил завчера во околната шума на гостиварското село Србиново. Педесет и петгодишниот И.М. од селото заедно со соселанецот, 57-годишниот М.Б., завчера собирале дрва во шумата во близина на селото. Попладнето, околу 14 часот И.М. бил каснат од оса во слепоочницата, по што му се слошило и легнал на земјата. Тој од другарот побарал да го попрска со вода и да се јави кај неговата сопруга. Но, набрзо починал. Неговиот братучед пристигнал подоцна и веднаш со возило го пренел во гостиварската болница. По прегледот лекарите констатирале смрт.
По наредба на истражен судија, телото на починатиот било дадено на обдукција. Притоа лекарите утврдиле дека причина за смртта бил срцев удар. (К.К.)
|