20.10.2011, 13:10 Металург против Висла во Лигата на шампионите
Македонскиот ракометен шампион Металург вечерва во 19 часот во „СЦ Борис Трајковски“ го игра натпреварот од 4.коло во „Ц“ групата од Лигата на шампионите против полскиот шампион Висла.
Гостите во Скопје ќе се обидат да стигнат до првиот гостински бод. Во трите кола двапати одиграа дома и постигнаа две победи, а изгубија на гости кај Цимос Копер.
За Металург ова е втор натпревар на домашен терен откако во воведното коло го победија словенечкиот првак Цимос Копер со 28:23.
- Висла ни е последен натпревар од првиот циклус, следниот дуелот од Лигата на шампионите го играме на 19 ноември со Констанца дома и затоа е потребно да победиме и донекаде да го оствариме посакуваното по овие четири натпревари. На навивачите им останавме должни во Хамбург, дека не одигравме на наше ниво. Домашниот терен во оваа група е голема предност и затоа победата треба да биде приоритет, истакна капитенот на Металург, Ванчо Димовски.
Во првиот натпревар од 4.коло од оваа група Санкт Петерсбург ја победи Констанца со 27:25, а македонскиот репрезентативец Бранислав Ангеловски за Констанца постигна три голови.
Третиот натпревар од групата ќе се одигра в недела, Цимос Копер е домаќин на Хамбург.
Покрај натпреварот Металург - Висла, денеска од Лигата на шампионите се игра и дуелот од „А“ групата Савехоф - Босна, а останатите дуели се на програмата во текот на викендот.
|