19.10.2011, 11:53 Македонија се искачи едно место на ФИФА-листата
Избраниците на Џон Тошак се наоѓаат на 93-та позиција со 361 освоен бод.
Фудбалската репрезентација на Македонија се искачи за една позиција на најновата ФИФА ранг листа за месец октомври.
Избраниците на Џон Тошак се наоѓаат на 93. место со 361 освоен бод.
Македонија ги заврши квалификациите за ЕП 2012 на петтото место во групата Б со само осум освоени бода. Во октомврискиот циклус загубивме на гости убедливо со 4:1 од Ерменија, а на домашен терен одигравме 1:1 со Словачка.
На првото место на ФИФА листата се зацврсти актуелниот европски и светски шампион Шпанија, која го искористи поразот на Холандија во квалификациите за ЕП од Шведска и ја зголеми бодовната предност.
„Црвената фурија" има 1624 бода, пред "лалињата" со 1425 и Германија со 1352 бода. Четврти е Уругвај пред Бразил, кој се искачи за две позиции, а селекцијата на Италија остана на шестото место.
Англија е подобро пласирана за една позиција и е седма, Грција напредуваше за три позиции, исто колку што падна Португалија, а Топ 10 ја затвораат репрезентациите на Аргентина и Данска.
Најголем напредок оствари Велс од 45 места и сега се наоѓа на 45. позиција.
ФИФА ранг листа, Топ 10:
1. Шпанија 1624 бода 2. Холандија 1425 3. Германија 1352 4. Уругвај 1230 5. Бразил 1144 (+2) 6. Италија 1135 7. Англија 1101 (+1) 8. Грција 1044 (+3) 8. Португалија 1044 (-3) 10. Аргентина 1030 10. Данска 1030 (+7)
|