19.10.2011, 11:44 Зголемен бројот на странски туристи во август
Во август годинава, споредено со август лани, бројот на туристите е зголемен за 8,3 проценти, а на ноќевањата за 5,9 проценти. Во август годинава се евидентирани 118.341 туристи и 629.670 ноќевања, објави Државниот завод за статистика.
Бројот на домашните туристи во август годинава во однос на август минатата година е зголемен за 1,5 проценти, а на странските за 24,5 проценти. Ноќевањата на домашните туристи се намалени за 0,8 проценти, а на странските се зголемен за 50,5 проценти.
Во периодот јануари-август годинава во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8,9 проценти, при што кај домашните туристи има намалување за 1,7 проценти, а кај странските зголемување за 24,5 проценти.
Во првите осум месеци од годинава, во однос на истиот период лани, бројот на ноќевањата е зголемен за пет проценти. Кај домашните туристи има намалување за 4,3 проценти, а кај странските зголемување за 36,7 проценти.
|