19.10.2011, 21:40 Победнички старт на ракометарките
Македонија ја совлада Литванија со 34:25 во првиот меч од квалификациите за ЕП во Холандија 2012.
Победнички старт на женската македонска ракометна репрезентација во квалификациите за Европското првенство во Холандија 2012 година. Вечерва во Спортско-рекреативниот центар „Кале“, нашите девојки лесно и рутински ја совладаа Литванија со 34:25 (полувреме 17:12).
Прв стрелец во нашата селекција беше Мирјета Бајрамовска со девет погодоци, а Црвенкоска реализираше седум. Наредниот натпревар Македонија ќе го одигра во недела во Анталија против Турција. (С.Д.)
|