06.10.2011, 11:43 Фени Индустри ја доби организацијата на Суперкупот
Шампионот на Македонија во кошарка, екипата на Фени Индустри ќе биде домаќин на Суперкупот. Вака беше одлучено по денешното жребување во просториите на Македонската кошаркарска федерација.
Претходно учесниците во Суперкупот, Фени Индустри и Работнички (освојувач на Купот), не постигнаа договор кој да биде домаќин на увертирата во новото кошаркарско првенство.
Натпреварот Фени Индустри - Работнички ќе се одигра в недела во салата „Јасмин“ во Кавадарци со почеток од 17 часот. Суперкупот во Македонија ќе се игра за прв пат со намера тој да стане традиција.
|