06.10.2011, 10:04 Регистрирани два земјотреса во Валандово и Гевгелија
Апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, изутринава регистрираа два земјотреса на растојание од 100 километри југоисточно од Скопје, кои потекнуваат од валандовското епицентрално подрачје.
Првиот земјотрес се случил во 03 часот и 55 минути и според досегашните податоци, е почуствуван во Валандово со интензитет од четири-пет степени и во Гевгелија со интензитет од три-четири степени според Европската макросеизмичка скала-1998.
Вториот земјотрес се случил во 03 часот и 58 минути и почуствуван е во Валандово и Гевгелија со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала-1998
|