04.10.2011, 12:50 Нобеловата за физика за тројца научници
Тројца научници се добитници на Нобеловата награда за физика за 2011 година за откривањето на забрзано ширење на вселената.
Половината од наградата од 10 милиони шведски круни (1,45 милиони долари) добива Американецот Сол Парлмутер, а другата половина ќе ја поделат Брајан Шмит, кој е со американско и австралиско државјанство и Американецот Адам Ријс.
- Проучувајќи десетици ѕвезди кои експлодираа тие открија дека вселената се проширува со се побрзо темпо, истакнува Нобеловиот комитет за физика од Кралската шведска академија за наука. - Откритието е навистина изненадувачко дури и за самите лауреати, се додава во образложението.
Нобеловата награда за физика се доделува од 1901 година.
|