05.10.2011, 15:38 Мајк Зафировски именуван за директор на „Априа хелткер груп“
Воедно, компанијата „Блекстон Груп“ го објави назначувањето на Мајк Зафировски за виш советник во фирмата.
Компанијата „Априа Хелткер Груп“, водечка национална компанија од областа на здравствените услуги и дел од портфолиото на компанијата „Блекстон Груп“, на 3-ти октомври објави дека Мајк Зафировски е назначен за член на Одборот на директори на компанијата. Воедно, компанијата „Блекстон Груп“ го објави назначувањето на Мајк Зафировски за виш советник во фирмата.
Во триесет и петгодишната кариера Мајк Зафировски бил претседател, главен извршен директор и главен оперативен директор на „Нортел“, „Моторола“ и пет бизниси на „Џенерал Илектрик“ во техничката, индустриската, потрошувачката, финансиската и осигурителната област. Дополнително на тоа, тој е сегашен член на Одборот на директори на „Боинг“, а бил и член во повеќе одбори во различни компании и совети како во САД, така и во Европа.
Зафировски изрази задоволство што ќе може своето искуство од другите индустрии да го сподели во здравството каде во наредните години ќе се имплементираат реформи.
Освен тоа што служи во од��орите на неколку компании, Мајк е исто така активен во неколку непрофитни организации, вклучувајќи ги позициите на потпретседавач во Академијата на лидерство во урбани школи (организација која ги унапредува најпроблематичните јавни школи во Чикаго), член на Одборот на директори на Македонија 2025, еден од ко-претседавачите на Одборот на родители на Универзитетот „Дјук“ и член на Чикашкиот совет за глобални прашања. Во 2008 година Мајк ја прими наградата за Истакнат лидер од Њујоркшката научна институција, а во 2004 година го прими медалот на честа од островот Елис.
|