Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
06.10.2011, 15:39
Музика од диџеи во двокатните автобуси




Класика наутро, напладне подинамичен ритам, навечер електронска и денс-музика. Ваква музичка подлога ќе има во новите автобуси.

Патниците во двокатните автобуси од денеска ќе се возат слушајќи музика по избор на диџеите Ицко и Ерик Фокс. Наутро класична музика, за пладне подинамична, попладне, пак, музичка подлога за порелаксиран амбиент, додека во вечерните часови електронска и денс-музика. Вакви авторски музички компилации од денеска ќе се слушаат во сите двокатни автобуси, а наскоро и во обичните украински возила. Идејата за унифицирање на музиката во превозот надлежните од ЈСП ја добиле по многуте забелешки на патниците дека наутро музиката „ечи“, а во некои автобуси се принудени да слушаат дури и резултати од спортски натпревари, оти шоферот играл спортска.

„Сигурно дека и сега нема да бидат исполнети сите вкусови, но се надеваме дека ќе успееме приближно сите патници да бидат задоволни од музичката подлога во автобусите, а истовремено ќе наметнеме и еден вид музичка култура. Диџеите Ицко и Ерик Фокс имаат искуство со слушателите, односно знаат што сакаат и што им одговара да слушаат, на пример, наутро, попладне или, пак, навечер“, рече Мишо Николов, директор на ЈСП.

Тој информираше дека со диџеите се договорил музиката да ја менуваат во зависност од актуелностите на музичката сцена, а наскоро во компилациите да ја вметнат и македонската музика, односно песните од цедето што го сними Агенцијата за спорт и млади во чест на 20-годишнината од независноста на Македонија.

„Во компилациите има и еден вид кратки рекламни пораки за веб-страницата на ЈСП, како и поучни пораки за патниците, на пример, ‘излезот е на задната врата‘“, дополни диџеј Ицко, кој се надева дека на патниците ќе им се допадне неговиот музички избор. (Дс.Т.)



Статијата е прочитана 1405 пати.

Испрати коментар



Почувствуван земјотрес во Валандово, Гевгелија, Струмица и Берово
Меѓуверска толеранцијa, но и непознавање на религиите
СДСМ со заблешки за организацијата и спроведувањето на пописот
Жозеп Дол - Можна е деблокада на евроинтеграцијата на Македонија
Придавката „македонски” повторно „виси” во извештајот
Се изготвува текстот за вклучување на македонија во „Јужен поток“
Од утре во Македонија пад на температурата и врнежи од дожд
Аирлија по новиот „Гологанов“ и по кружниот тек
Четворица осомничени за убиството на Наумовски во Перт
Земјоделците си ги бараат субвенциите за годинава
Зголемени поплаките за телекомуникациските оператори
Грција бара почитување на правата на малцинствата при пописот во Албанија
Почина поранешниот албански претседател Рамиз Алија
Три жени добитнички на Нобеловата награда за мир
Иванов ги повика романските бизнисмени во Македонија
Булеварот „Теодосиј Гологанов“ и кружниот тек ќе бидат пуштени во употреба
Меѓународна конференција „Меѓурелигиска толеранција во Македонија“
Претседателот Иванов на бизнис форум во Букурешт
(ФОТО) Фановите низ светот му оддадоа почит на Џобс
„Аџибадем“ газда на половина од капиталот на „Систина“
Бесими - Членството во НАТО врвен приоритет за Македонија
Малолетник му пукал во стомакот на својот другар
„Отворени е-услуги“, нов проект на Министерството за информатика
Басеску - Романија ја поддржува евроинтеграцијата на Македонија
Иванов - Поделбата на Косово може да го дестабилизира регионот
Почна „Вино-скоп 2011“
Исчезнатиот Македонец во Австралија пронајден мртов
Реакции по смртта на информатичкиот гениј и визионер
Кипар од Русија доби заем од 2,5 милијарди евра
Регистрирани два земјотреса во Валандово и во Гевгелија
Претседателот Иванов во посета на Романија
Почина таткото на „Епл“, Стив Џобс
Мајк Зафировски именуван за директор на „Априа хелткер груп“
Вето во ОН за Сирија, Турција најавува санкции
Автоматизиран вториот блок на РЕК Битола
Промовирана книгата за лустрацијата во Македонија
Иванов му додели Орден за заслуги на Турскиот театар во Скопје
Ердоган - Израел поседува атомска бомба
МНР ќе ја проверува изјавата на албанскиот амбасадор Чејку
Арифи - Извештајот на ЕК ќе биде сличен како ланскиот
Од петок драстично пониски температури
„Кока-кола“ останува највреден бренд во светот
Невработена Американка по грешка освои 25 милиони долари
„Ноќта“ ги проголта макроата и клиентите кај МТВ
Бусек - Поделбата може да биде решение за косовскиот јазол
Хеликоптер се урна во Ист Ривер, еден загинат
Драшковиќ - За најмногу 15 години Македонија ќе се подели
Груевски во Рим ќе се сретне со Берлускони
Грција со стегнато срце, ќе задоцни исплаќањето на шестата рата
Телевизијата А1 должи на фирми, актери, новинари...
Вељаноски очекува позитивен извештај од ЕК
Малстром - Има шанси визите да се вратат
Момче застрелано во глава во центарот на Тетово
Проектот во Скопје ја подели Македонија
Ослободителна пресуда за фармерот Душко Илиевски
Македонија и Црна Гора потпишаа Договорот за екстрадиција
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Изгаснат пожарот на покривот на новиот театар
Нобеловата награда за физика за 2011 за тројца научници



"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 12°C

Делумно облачно

Петок
Делумно облачно
Макс: 26°C, Мин: 12°C

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 16°C, Мин: 4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |