07.10.2011, 11:48 Почина поранешниот албански претседател Рамиз Алија
Во болница во Тирана утрово на 86-годишна возраст почина поранешниот албански претседател и поранешен генерален секретар на Партијата на трудот на Албанија, Рамиз Алија, јави дописникот на МИА од Тирана.
- Во нашата установа беше хоспиталиизран поради комликации во белите дробови. Ова не беше првпат Алија да биде хоспиталиизран поради истите проблеми. Во последните денови имаше повлеми и со срцето, изјави лекар од санаториумот во Тирана.
Рамиз Алија, според албанските меидуми, бил втор човек за време на владеењеето на комунистичкиот диктарот Енвер Хоџа и под негови закрила тој напредувал во кариерата.
Роден е во Скадар во 1925 година а во комунистичкото движење се вклучил на дваесет годишна возрат.
По смртта на Хоџа, во 1985 година, сметајќи се за негов наследник стана претседател на Албанија.
Тој беше последен комунистички но и прв претседател на плуралистичка Албанија. Фукцијата шеф на државата ја извршуваше 1991-1992, кога поднесе оставка по поразот на Партијата на трудот, која потоа се трансформирапше во Социјалистичка партија, и на власт дојдоа демократите на Сали Бериша.
Во 1993 година беше осуден на девет години затвор поради злоупотреба на службената положба, но беше амнестиран по неколку години, по што во пе��иод од една година беше надвор од Албанија. Во земјата се врати во 1998 година и водеше мирен живот како пензионер, но се оојавуваше на одредени настани.
|