Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
06.10.2011, 14:04
„Отворени е-услуги“, нов проект на Министерството за информатика




ИКТ компаниите добиваат можност за вклучување во нов владин проект т.н. концепт на отворени е - услуги, заснован на јавно-приватно партнерство. Преку развивање електронски услуги што ги нудат државните институции треба на граѓаните да им овозможат што побрз пристап до нив по електронски пат.

Предностите од спроведувањето на новиот проект денеска ги претстави министерот за информатичко општетсвно и јавна администрација Иво Ивановски на работна средба пред членовите на ИКТ комората при Сојузот на стопански комори на Македонија

- Со регистрите кои ги поседуваат државните институции, база на податоци од граѓаните, преку стандарди, протоколи, лиценцирања, модел кој ќе биде изработен во наредните четири месеци, ќе им биде дозволено на сите компании кои ќе покажат интерес и способност да изградат електронски услуги, сами да инвестираат во нив и да ги препродаваат услугите кон граѓаните со претходно утврдени цени, изјави Ивановски по средбата.

Станува збор за 138 услуги и 60 документи кои ги издаваат владините институции, управата за матична евиденција, фондовите за здравствено, за пензиско и инвалидско осигурување, Управ��та за јавни приходи, Агенцијата за катастар на недвижности, Централниот регистар...

Според Ивановски, со учеството во проектот приватниот сектор ќе може да се развива и да инвестира во услуги. Кога компаниите ќе добијат референца дека изработиле таква услуга за Владата многу полесно ќе може да го освојат и пазарот во регионот и пошироко. Од друга страна, појасни, граѓаните ќе добијат поголем број услуги затоа што ќе ги има електронски, а Владата која ги поседува информациите ќе може да ги продава на приватниот сектор за симбиолична сума која ќе биде утврдена.

Македонија е дел од потписниците на иницијативата за т.н. отворено владеење, но, посочи Ивановски, со новиот проект оди чекор напред од останатите држави.

Концептот сеуште е во фаза на развивање, а ќе се операционализира со новиот закон за јавно-приватно партнерство, што треба да биде донесен наскоро. Тоа, посочи Ивановски, на некој начин е јавно приватно партнерство при што институција ќе ги лиценцира сериозните компании затоа што станува збор за податоци на граѓаните. Очекуваме дека Македонија повторно ќе биде лидер на еден нов концепт т.н отворени е - услуги, не само во регионот, туку и во земјите во ЕУ, изјави министерот за информатичко општество и јавна администрација.

Проектот на Министерството за информатичко општество за ИКТ комората при ССК е револуционерен чекор кој отвора можности за развој во сите области каде може да се спроведе јавно-приватно партнерство.

- Досега бевме насочени само на неколку обалсти каде требаше да се спроведе јавно приватно партнерство, а на овој начин Владата ги отвора сите можни области каде тоа може да се спроведе, рече Саша Огненовски, претставник на ИКТ комората при ССК.

Од целиот колач на македонскиот ИКТ сектор, укажа Ивановски, најголеми придобивки има во секторот на сервиси и во развојот на софтвер, додека со новите технолошки решенија и со глобализација на секторот препродажбата на хардвер опремата маргината на профитот е се помала. - Очекуваме со ова да се направи револуционерен потег во општеството во Македонија и да им се дозволи на компаниите да профитираат се повеќе и повеќе да вложуваат во развој на софтвер, во развој на решенија. Ние како Влада мора да им излеземе во пресрет да направиме легислатива и да овозможиме македонските компании да освојуваат туѓи пазари, изјави Ивановски.





Статијата е прочитана 1113 пати.

Испрати коментар



Почувствуван земјотрес во Валандово, Гевгелија, Струмица и Берово
Меѓуверска толеранцијa, но и непознавање на религиите
СДСМ со заблешки за организацијата и спроведувањето на пописот
Жозеп Дол - Можна е деблокада на евроинтеграцијата на Македонија
Придавката „македонски” повторно „виси” во извештајот
Се изготвува текстот за вклучување на македонија во „Јужен поток“
Од утре во Македонија пад на температурата и врнежи од дожд
Аирлија по новиот „Гологанов“ и по кружниот тек
Четворица осомничени за убиството на Наумовски во Перт
Земјоделците си ги бараат субвенциите за годинава
Зголемени поплаките за телекомуникациските оператори
Грција бара почитување на п��авата на малцинствата при пописот во Албанија
Почина поранешниот албански претседател Рамиз Алија
Три жени добитнички на Нобеловата награда за мир
Иванов ги повика романските бизнисмени во Македонија
Булеварот „Теодосиј Гологанов“ и кружниот тек ќе бидат пуштени во употреба
Меѓународна конференција „Меѓурелигиска толеранција во Македонија“
Претседателот Иванов на бизнис форум во Букурешт
(ФОТО) Фановите низ светот му оддадоа почит на Џобс
Музика од диџеи во двокатните автобуси
„Аџибадем“ газда на половина од капиталот на „Систина“
Бесими - Членството во НАТО врвен приоритет за Македонија
Малолетник му пукал во стомакот на својот другар
Басеску - Романија ја поддржува евроинтеграцијата на Македонија
Иванов - Поделбата на Косово може да го дестабилизира регионот
Почна „Вино-скоп 2011“
Исчезнатиот Македонец во Австралија пронајден мртов
Реакции по смртта на информатичкиот гениј и визионер
Кипар од Русија доби заем од 2,5 милијарди евра
Регистрирани два земјотреса во Валандово и во Гевгелија
Претседателот Иванов во посета на Романија
Почина таткото на „Епл“, Стив Џобс
Мајк Зафировски именуван за директор на „Априа хелткер груп“
Вето во ОН за Сирија, Турција најавува санкции
Автоматизиран вториот блок на РЕК Битола
Промовирана книгата за лустрацијата во Македонија
Иванов му додели Орден за заслуги на Турскиот театар во Скопје
Ердоган - Израел поседува атомска бомба
МНР ќе ја проверува изјавата на албанскиот амбасадор Чејку
Арифи - Извештајот на ЕК ќе биде сличен како ланскиот
Од петок драстично пониски температури
„Кока-кола“ останува највреден бренд во светот
Невработена Американка по грешка освои 25 милиони долари
„Ноќта“ ги проголта макроата и клиентите кај МТВ
Бусек - Поделбата може да биде решение за косовскиот јазол
Хеликоптер се урна во Ист Ривер, еден загинат
Драшковиќ - За најмногу 15 години Македонија ќе се подели
Груевски во Рим ќе се сретне со Берлускони
Грција со стегнато срце, ќе задоцни исплаќањето на шестата рата
Телевизијата А1 должи на фирми, актери, новинари...
Вељаноски очекува позитивен извештај од ЕК
Малстром - Има шанси визите да се вратат
Момче застрелано во глава во центарот на Тетово
Проектот во Скопје ја подели Македонија
Ослободителна пресуда за фармерот Душко Илиевски
Македонија и Црна Гора потпишаа Договорот за екстрадиција
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Изгаснат пожарот на покривот на новиот театар
Нобеловата награда за физика за 2011 за тројца научници



Promeni, 06.10.2011 16:06:29
Milo mi e sto se raboti na podobruvanje na uslugite. Ova vleva nadez deka vo idnina ke imame vistinska moderna i razviena drzava vo koja graganinot ke ima prioritet. Dosta bese od cekanje i turkanje pred salterite.

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 12°C

Делумно облачно

Петок
Делумно облачно
Макс: 26°C, Мин: 12°C

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 16°C, Мин: 4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |