Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
04.10.2011, 15:01

Проектот во Скопје ја подели Македонија




Репортажа на Си-Ен-Ен за проектот „Скопје 2014“ - „Не можам да замислам некој друг град што гради триумфална порта во 21 век“ - жител на Скопје.

Минатиот месец, кога Македонија ја одбележуваше 20-годишнината од нејзината независност од поранешна Југославија, прославата ја организираше во главниот град, кој е радикално трансформиран во последните две години.

Речиси 20 нови згради - и сличен број статуи, фонтани и споменици - се градат во центарот на Скопје. Трансформациите се дел од проектот наречен „Скопје 2014“, насочен кон обнова на градот што загуби многу од своите обележја во земјотресот од 1963 година.

Централниот дел, поставен навреме за прославата на годишнината на 8 Септември, е 22-метарска статуа „Воин на коњ“. Општо е познато дека го прикажува Александар Велики, но не е официјално наречена така поради долгогодишниот спор со Грција, за која античкиот крал е национален херој.

Меѓу другите згради, изградени се Музеј на македонската борба, кој беше отворен на Денот на независноста, Триумфална порта, нова зграда на Министерството за надворешни работи, Уставен суд, Национален театар и нов археолошки музеј. Оф��цијалните трошоци за проектот се 80 милиони евра, иако критичарите тврдат дека завршната сметка би можела да биде до 500 милиони евра, пишува електронскиот весник „Балкан инсајт“.



„Скопје 2014“ ги подели Македонците, од кои дел сметаат дека земја со невработеност од над 30 отсто, според податоците на ОН, не треба да троши толку многу на градежен проект.

Горан Атанасовски, кој ја води независната туристичка веб-страница travel2macedonia.com.mk, вели: „Проектот ги подели луѓето, како река меѓу брегови, некои се „за“, а други се „против“. Контроверзноста за проектот главно е во тоа дека Македонија и' припаѓа на група земји со високо ниво на невработеност“.

Сепак, Зоран Николовски, шеф на Одделот за туризам, изјавува: „Скопје веќе има целосно нов изглед од пред две години, а до 2014 година ќе има уште нови згради. Дури и во оваа глобална економска криза, ние градиме, не само згради и атракции туку и нова инфраструктура и сместувачки капацитети, како комплетно нов аеродром, патишта и хотели. Во почетокот, кај луѓето имаше несогласување, но сега тие гледаат дека е навистина убаво за луѓето што живеат во Скопје, како и за туристите“.

Други го оспоруваат вкусот за класични антички згради и бронзени статуи. Македонец што побара да остане анонимен вели: „Сега се обидувам да го избегнам центарот на градот. Се претвори во забавен парк. Каде и да се свртите. има нови бронзени статуи и скулптури. Како тие да се обидуваат да создадат национален идентитет“.

„Би помислил дека во 21 век треба да градиме нешто модерно, урбано и современо. Не можам да замислам некој друг град што гради триумфална порта во 21 век“.

Без оглед на личните мислења за проектот, се чини дека „Скопје 2014“ и другите инфраструктурни инвестиции и' помагаат на Македонија да привлече странски туристи.

Николовски вели дека има зголемување од 25 отсто на бројот на странски туристи што ја посетиле Македонија во првите седум месеци од годинава, во споредба со истиот период минатата година.

Атанасовски изјавува: „Без оглед дали се должи на ’Скопје 2014’ или не, ова е прва сезона да видам големи групи странски туристи со туристички водичи во центарот и во Старата чаршија. Ова е прва година кога Скопје прими повеќе туристи од Охрид, водечката туристичка дестинација на Македонија“.



Официјалната владина статистика покажува постојано зголемување на бројот на странски туристи што пристигнуваат во Македонија, од 99.000 во 2001 година на речиси 262.000 минатата година. Иако повеќето се од соседните земји, последниве години е забележан пораст на туристите од подалеку, како Австрија, Германија, Русија, Полска, Италија и Турција.

Николовски вели: „Имаме недостиг на можности за голем пазарен туризам бидејќи немаме крајбрежје, но имаме прекрасни езера и планини, и интересна култура и историја“. Тој вели дека земјата, исто така, го развива туристичкиот пазар на обложување, со неколку казино-хотели.

Владата неодамна воведе политика за развој на туризмот, како намалување на данокот на продажба за хотели и кетеринг од 18 на пет отсто, и субвенции за привлекување на тур-групи од одредени земји.

Атанасовски вели: „Претходните години, тур-операторите вообичаено ја вклучуваа Македонија како дел од пошироките балкански тури, и не престојуваа во Македонија подолго од еден ден. Почнувајќи од минатата година, бројот на ноќевања во Македонија се зголеми“.

Без оглед на парите потрошени за големи проекти и инфраструктура, националната гордост доби поттик од кругови кои ниту еден политичар не би можел да ги испланира. Прославата на 20-годишнината од независноста на Македонија се совпадна со неочекуваното влегување на националниот кошаркарски тим во полуфиналето на Европското првенство. „Искрено, не сум го видел народот на Македонија толку среќен и горд претходно. Насекаде имаше знамиња, кај луѓето, на автомобилите, на прозорците. Луѓето ги заменија нивните економски проблеми со насмевка и со среќа“, додава Атанасовски.




Статијата е прочитана 5147 пати.

Испрати коментар



Пописот се прекинува и ќе започне од почеток
Јулија Тимошенко прогласена за виновна!
Неотпловиклива оставка на Државната пописна комисија
Скопскиот огранок на ДПА бара оставка на Тачи
Формирана заедничка работна група на Владата и ЗНМ
Иванов - Ќе влеземе во ЕУ и НАТО како Македонци
Почнува кампања против педофилијата во Македонија
Почнува аплицирањето за земјоделски субвенции
Претстојната зима во Европа ќе биде многу студена
Деветгодишна струмичанка загина од струен удар
Дорис Пак е за промена на Дејтонскиот договор
Поевтинуваат бензините и дизелот
Прва трансплантација на црниот дроб во Македонија
Додик хоспитализиран поради исцрпеност
Од Швајцарија екстрадирани четворица македонски Албанци
Верски насилства во Египет, убиени најмалку 35 луѓе
„Поглед кон Македонија“ од денеска на Си Ен Ен
Претставници на Владата на средба со ЗНМ
Јанкулоска oчекувa принципиелен извештај на ЕК
Македонка пронајдена мртва пред својот дом во Австралијa
Очув силувал ќерка и нејзината другарка
Кривична за Муратовски поради закани до Грујовски
Хатчинсон - Среќа што Македонија не е дел од еврозоната
Хамарберг - Кога Македонија ќе влезе во ЕУ, македонскиот јазик ќе биде таму
Ставрески - Кризата во Грција нема да ја разниша стабилноста на денарот
Почувствуван земјотрес во Валандово, Гевгелија, Струмица и Берово
Меѓуверска толеранцијa, но и непознавање на религиите
СДСМ со заблешки за организацијата и спроведувањето на пописот
Жозеп Дол - Можна е деблокада на евроинтеграцијата на Македонија
Придавката „македонски” повторно „виси” во извештајот
Се изготвува текстот за вклучување на македонија во „Јужен поток“
Од утре во Македонија пад на температурата и врнежи од дожд
Аирлија по новиот „Гологанов“ и по кружниот тек
Четворица осомничени за убиството на Наумовски во Перт
Земјоделците си ги бараат субвенциите за годинава
Зголемени поплаките за телекомуникациските оператори
Грција бара почитување на правата на малцинствата при пописот во Албанија
Почина поранешниот албански претседател Рамиз Алија
Три жени добитнички на Нобеловата награда за мир
Иванов ги повика романските бизнисмени во Македонија
Булеварот „Теодосиј Гологанов“ и кружниот тек ќе бидат пуштени во употреба
Меѓународна конференција „Меѓурелигиска толеранција во Македонија“
Претседателот Иванов на бизнис форум во Букурешт
(ФОТО) Фановите низ светот му оддадоа почит на Џобс
Музика од диџеи во двокатните автобуси
„Аџибадем“ газда на половина од капиталот на „Систина“
Бесими - Членството во НАТО врвен приоритет за Македонија
Малолетник му пукал во стомакот на својот другар
„Отворени е-услуги“, нов проект на Министерството за информатика
Басеску - Романија ја поддржува евроинтеграцијата на Македонија
Иванов - Поделбата на Косово може да го дестабилизира регионот
Почна „Вино-скоп 2011“
Исчезнатиот Македонец во Австралија пронајден мртов
Реакции по смртта на информатичкиот гениј и визионер
Кипар од Русија доби заем од 2,5 милијарди евра
Регистрирани два земјотреса во Валандово и во Гевгелија
Претседателот Иванов во посета на Романија
Почина таткото на „Епл“, Стив Џобс
Мајк Зафировски именуван за директор на „Априа хелткер груп“
Вето во ОН за Сирија, Турција најавува санкции
Автоматизиран вториот блок на РЕК Битола
Промовирана книгата за лустрацијата во Македонија
Иванов му додели Орден за заслуги на Турскиот театар во Скопје
Ердоган - Израел поседува атомска бомба
МНР ќе ја проверува изјавата на албанскиот амбасадор Чејку
Арифи - Извештајот на ЕК ќе биде сличен како ланскиот
Од петок драстично пониски температури
„Кока-кола“ останува највреден бренд во светот
Невработена Американка по грешка освои 25 милиони долари
„Ноќта“ ги проголта макроата и клиентите кај МТВ
Бусек - Поделбата може да биде решение за косовскиот јазол
Хеликоптер се урна во Ист Ривер, еден загинат
Драшковиќ - За најмногу 15 години Македонија ќе се подели
Груевски во Рим ќе се сретне со Берлускони
Грција со стегнато срце, ќе задоцни исплаќањето на шестата рата
Телевизијата А1 должи на фирми, актери, новинари...
Вељаноски очекува позитивен извештај од ЕК
Малстром - Има шанси визите да се вратат
Момче застрелано во глава во центарот на Тетово
Ослободителна пресуда за фармерот Душко Илиевски
Македонија и Црна Гора потпишаа Договорот за екстрадиција
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Изгаснат пожарот на покривот на новиот театар
Нобеловата награда за физика за 2011 за тројца научници



Itar Pejo, 04.10.2011 17:07:52
Da, da, sigurno e zgolemen brojot na turisti. Gi zamisluvam lugeto po sveto: Kade ce odis na pat? Nekoj vo Pariz, nekoj vo London, nekoj vo new York. Ama ima se povece sto velat: ce odam vo Skpje. Sum cul deka tamu ima mnogu spomenici. Ima spomenik na Dimitrija Cuposki, na Karpos, na gemidjiite, na Cento ... A drigiot veli: I na Cento? Odma i jas ce kupam karta. Toa da ne se vikase Potemkinovi sela ?9629
Antiantik, 04.10.2011 18:46:44
Barem da bese ponisku konjot, za da mozea slavenicite da mu se kacuvaat. A i pomalku ce kostase. Abe ova se pravi koga ne znaes od pari sto da pravis, a i togaj treba da se ima stil i merka. Za vkusovite stvarno ne treba da diskutirame, ama za tolku mnogu pari, posebno vo ovie okolnosti, morame. Koga togaj Grujo ce sedne na stolceto vo osnovniot sud Skopje-1 i ce im pravi drustvo na Ljube i Velija. Mozebi so sebe ce go povlece i Zjingo, ako vo medjuvreme gospod ne go zeme.

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 14°C

Делумно облачно

Вторник
Делумно облачно
Макс: 17°C, Мин: 7°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 23°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
 
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Писма |