Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Писма
Македонија
09.10.2011, 21:29

Генерациска порака на борците: Историската вистина е фрлена под нозе

Победата во Втората светска воjна е наjцврстиот темелник на денешна самостоjна и суверена Македониjа

Живите учесниците во Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941–1945 година, прославувајќи ја 70-годишнината од 11 Октомври 1941 година, кога почнаа востание против фашистичкиот окупатор, објавија генерациска порака во која ја нагласуваат историската важност на победата во Втората светска војна за македонската држава. Во оваа порака, усвоена од учесниците на Средбата на генерациите, одржана на 9 октомври 2011 година во Скопје, се вели:

„Од наше име и од нашиот пиетет кон заветот на борците што ги положија своите животи на олтарот на татковината или починаа и длабоко почитувајќи го нивното и наше заедничко дело со кое се извојува слободата и се создаде државата Република Македонија, на денешните и идните генерации им порачуваме:



1. ДА СЕ ЗНАЕ И ПАМЕТИ

Во таа пресудна и решавачка 1941 година, кога македонскиот народ се најде под суровата фашистичка окупација, кога се закануваше целосно негово разнебитување и денационализирање, неговите најпрогресивни сили ја имаа таа решителност и храброст да се определат на вистинската страна – светската Антифашистичка коалиција во жестоката војна против мрачниот фашизам и безочниот окупатор. Истовремено, имавме доблест и визионерство, прифаќајќи го аманетот од претходните генерации за нов и победоносен Илинден, да ја претвориме таа борба во Народноослободителна и државотворна, и тоа за македонскиот народ и за сите народи што со него ја делеа заедничката судбина. Со таквата платформа во самиот почеток се обезбеди цврсто национално единство како основен услов за победата и оневозможи формирање на какви било порелевантни политички и воени колаборационалистички сили што би го скршнале патот на нашата вооружена борба кон некои други немакедонски определби и цели.

Сиот македонски народ и припадниците на другите етнички заедници таа наша борба ја прифатија како своја борба, за национално и социјално ослободување и создавање своја држава. Народот стана нароодноослободителна војска, стоилјадна, која со сопствени сили, со многубројни жртви и невиден хероизам, ја ослободи нашата татковина. И во тие, тогашни лимитирачки воени и политички околности, ја создадовме првата слободна македонска држава, во рамките на Демократска Федеративна Југославија.

Токму затоа што таа НОАВМ 1941-1945 е единствената победоносна етапа на вековната борба на македонскиот народ за национална слобода и државност и што асномска Македонија е најцврстиот темелник на денешна самостојна и суверена Република Македонија, обврска и траен долг е на сите генерации да имаат достоинствен и пиететен сенароден приод кон историските вредности, придобивки и актуелни искуства и пораки на таа државотворна војна. Тоа е обврска и долг на генерациите на сите граѓани, без разлика на националната и верската припадност и посебно на сите одговорни носители на државната власт во Република Македонија, без оглед на нивната идеолошка и партиска определеност.



2. ДА СЕ ЗАПРЕ РЕВИЗИЈАТА НА НОАВМ

Ние, борците, не прифаќаме: зошто во овие две децении на суверена и самостојна Република Македонија, упорно и систематски, не само од поединци туку и од релевантни политички партии и учесници во власта, се омаловажуваат, искривуваат и негираат историските резултати, настани, личности, вредности и придобивки на таа борба и се сквернават нивните спомен-обележја. Притоа, историската вистина е фрлена под нозе и се гази и пред очите на тие што ја избориле, а кои денеска се омаломоштени и од годините и од насилното атакување врз нивната организација – Сојузот на борците.

Точно е дека Комунистичката партија на Македонија, во рамките на Комунистичката партија на Југославија, предводена од Јосип Броз-Тито, која прва го прифати постоењето на македонскиот идентитет во Југославија и во својата програма ја внесе борбата за национална слобода и рамноправност на југословенските народи, вклучувајќи го и македонскиот народ, го подготвуваше, го организираше и го предводеше вооруженото востание на Македонија, затоа што таа беше единствената политичка сила која остана со народот. Другите наведнаа глава, станаа слуги на окупаторот или се сетија за македонската слобода и државност, откако тие беа изборени. Но, историски факт е дека таа борба стана Народноослободителна, тогаш кога народот ја прифати и ја направи своја борба – за национална слобода и своја држава. Така се пееше и се гинеше од самиот почеток. Таа борба беше и заедничка со антифашистичката коалиција и со другите поробени народи на Југославија, во кои најдовме вистински сојузници што го признаваат нашиот нацио��ален идентитет и правото на самоопределување и затоа ја прифативме реалната шанса за опстанок на македонската држава, како рамноправен државоправен субјект во заедничката федеративна држава.

Без таа борба ќе го немавме АСНОМ, без АВНОЈ ќе ја немавме Федерална Македонија, а без таа борба и без таа изборена и реализирана државност, ќе ја немавме и денешна самостојна и суверена Република Македонија.

Без оглед на различните состојби и поделената одговорност во нив (на нашата борба и онаа на власта што функционираше во создадената држава) ги прифаќаме принципиелните критики и осуди за одделни слабости, грешки и заблуди, што настанале од исклучивоста на одделни идеолошки позиции, па и остри мерки врз одделни дејци на македонското национално ослободително движење , заради поинакви политички погледи за позицијата на македонската држава и систем. Но, исто така укажуваме дека треба да се знае оти во тие први повоени години имаше и организирани активности на политички сили во земјата и надвор од неа насочени кон младата македонска држава. Потоа дојде Информбирото и судирот со Источниот блок на чело со СССР кога беше загрозен самостојниот опстанок на целата земја, во тие рамки и на Македонија. Кога минаа тие опасности, се напуштија ригидните мерки, се направија рехабилитации па и се воведе изедначување на правата на т.н. прогонувани за самостојноста на Македонија.

Но, затоа сметаме дека не смее целиот период од Првото заседание на АСНОМ до осамостојувањето да се прогласи за „ново ропство на македонскиот народ под комунистичкиот режим“ и тој да се смести во посебен Музеј на жртвите на комунизмот! Затоа што и покрај идеолошките наметки на системот и пренесениот дел на суверенитетот врз органите на заедничката федерација, Македонија и македонскиот народ и сите етнички заедници во тој период ја остварија својата суштинска национална и општествена преродба со осведочени високи и трајни вредности.



3. НОВ ПОЛЕТ ВО НОВИТЕ БИТКИ

Убава симболика има годинашново совпаѓање на двата крупни и историски јубилеи – 70-годишнината од почетокот на НОАВМ и дваесетгодишнината од референдумското определување на граѓаните за самостојна и суверена Република Македонија. Искуството не' учи дека оживотворувањето на високите цели по изборената слобода и конституирана држава, се тешки, сложени, и долготрајни. Ако претходните генерации се соочија со последиците на вековните ропства и разурнувањата од војните но и со неискуство во градењето на прва своја држава, со стегите на еден идеолошки систем и поделениот државен суверенитет, денешните генерации се соочуваат со тешкотиите на долгата транзиција, закочениот економски развој и неопходните општествени реформи, со замките на опасностите од целосна партизација на општеството, со стари и нови идеолошки и етнички поделености и со наметнат спор за името на државата.

Но, длабоко сме уверени и сметаме дека денес Македонија има материјални и човечки ресурси, интелектуален потенцијал и напластена вековна мудрост за да ги разреши натрупаните проблеми, да ги дефинира приоритетите на националните и државните интереси во правец на натамошен развој на Република Македонија, како демократска, просперитетна, стабилна и мултиетничка интегративна и функционална Европска држава. Тоа се фронтовите на битките на денешните и утрешните генерации!

Верувајќи во силите, способноста, знаењето, храброста и во самопрегорот на новите млади генерации, ние учесниците во Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија ја истакнуваме актуелната потреба за поврзаност на темелните вредности и придобивки на таа борба: ослободителниот карактер на човековата творечка енергија, богатството на мултиетничкиот соживот и современата актуелност на денешниот антифашизам во функција на трајна брана против силите на мракобесието, тоталитаризмот, сејачите на омраза и ретроградниот национализам, со актуелните стратегии на денешниот развој на Република Македонија.

Долг е на денешните и утрешните генерации да ја зачуваат тешко спечалената со многу крв, саможртви, труд и самопрегор, слободата и државата Македонија, да имаат критичен поглед кон минатото, ама и да се гордеат со него и со достигнатото .


Статијата е прочитана 2765 пати.

Испрати коментар



Битолските борци шворц
Интервју
Ден на гравот во Теарце
Словенците повторно го откриваат Охрид
На првата „Ајваријада“ се изедоа 200 килограми ајвар
Ќе добие ли Скопје музеј за 26 Јули?



jovan, 10.10.2011 00:21:47
Prvo neka ni e cestit utresniot den, vostanieto protiv fasistickoto zlo.Neka im e vecna slava i vecno fala na site onie koj dadoa zrtva a nekoj i zivotite za da se formira drzava Makedonija. Onie koj toa go osporuvaat se poznati. Toa se naslednicite na gubitnicite koj vo toa vreme sluguvale vo tugi uniformi i nivnite sledbenici demokrati koj nisto ne uspaa da stvorat i napravat, a se uste ziveat i go rasprodavaat ona sto go nasledija od komunistite. Samo da se podsetime kakva drzava vo kakva sostojba nasledija komunistite.Razrusena ,najsiromasna, najnepismena vo cela Evropa, pa uspeaa da stvorat i izgradat drzava so site standardi, infrastruktura...od koe do den denes se uste od toa i ziveeme.Na nekoj toa tesko mu paga. Gi boli vistinata deka se nesposobni gubitnici, pa edinstveno im ostanuva da omalovazuvaat.
Kultiviran Balkanec, 10.10.2011 00:45:23
Uspehot na takanarechenata Narodnoosloboditelna Vojna i ne e tolku golem, ako se ima vo predvid, deka ja izgubivme Egejska Makedonija. Blagodarenie na istata ideologija Makedoncite vo Egejkska Makedonia, bea vovlecheni vo komuistichka revoluciija za grcite vo imeto na borba protiv komunizmot da izvrshat etnichko chistenje. Nasproti toaVMRO na Todor Aleksandrov i Ivan Mihajlov se boreshe za Makedonija, Shvajcarija na Balkanot, vo koja trebashe da bidat vklucheni i Egejska i Pirinska Makedonija. Iako ovaa idea ne uspea, najmnogu blagodarenie na lovoorientiranite revolucioneri, koi se borea za nekakva si Balkanska Federacija, sepak idejata za Makedonija, Shvajcarija na Balkanot, dolgorochno imashe pogolemi shansi, bidejki denes, ako ne drugo, kje imashe mnogu povekje makedonci vo Egejska Makedonija.
Tina, 10.10.2011 04:21:48
I koj toa ne go pocituva, neka si odi vonka od Makedonija. Nema sto po na tamo da zboruvame. Sepak da ve spomnam za strelanite maloletnici vo Egejska Makedonija koga Grcija gi istrebuvase Makedonckata 85 % populacija. Jas mislam spomenik na tie 200 deca e vo red. Da ne zaboravime tie 30 000 deca, po krvava podelba na nasa zemja, koi se odneseni na nekoi ostrovi da bidat robovi na nekoi si rijalisti??? Mozam samo da pomislam kolku poludea tamo. Grcija a i Evropskata rojalna manifesto za tie zlocini, imat oste da gi slusat nasite povici za pravda. A slzite ni se presuseni, i sepak bole.
P.Petar, 10.10.2011 06:16:18
Uste ednas slava i fala za zrtvite i zivotite dadeni za da se afirmira i socuva imeto Makedonija.,vo viorot na vtorata svetska vojna !Me cudi kako nekoi lugezboruvaat za nekakva Svajcarija Na Balkanot!Preporacuvam takvite da soberat hrabrost i neka pobaraat Anglija i USA da im se izvini i da im go vrati toa sto im go odzede a ne da go okrivuvaat Tito. Toj bese genijalec za mnogu raboti no ne zaboravete deka i toj imase POPOVI NAD GLAVATA!!
Oplemenet Balkanec, 10.10.2011 07:52:21
Kultiviran Balkanecu da im se obratis na Anglicanite za Makedonija, taka ke e najdobro.Tie ke ti objasnat kako 5 dena pred Bukurest go skroija planot, kako ke bide.Ni Tito ni komunjarite ne bea vo London, neli?!.A Egejska i Pirinska ke bea vkluceni znaes koga??NIKOGAS, od prijatelite ni Anglicanite.Lesno e da se kritikuva sega i toa kako golem Makedonec i uste pogolem patriot. Tesko bilo vo tie vreminja da se bori i da se opstane.Potpolno se soglasuvam so komentarot na Jovan.A vo denesnicava sme svedoci da do Aracinovo i Matejce ne stignavme, so postoenje na drzava,armija,policija,ustav, a kamo li do Solun.Malkumorgen Kultiviran B., ne DAVAAT, tolku li ne sfakas?Tie sto ti ja skroile kapata NE DAVAAT, ili povtorno ke gi krivime komunjarite ????Sto pravime so FASISTITE????
Svajcarec na Balkanite, 10.10.2011 08:56:56
Abe kultiviran, ne mozes da izgubis nesto sto go nemas. Todor i Vanco ja imale svojata sansa, ne ja iskoristile, kako komunistite, barem eden del od ovaa napatena zemja da go pocuvstvuva zdivot na slobodata. Ni Tito, ni togasna Jugoslavija ne bile tolku mokni da odat protiv podelbata dogovorena od golemite sili i da ja pripojat i Egejska Makedonija kon Jugoslavija. No, barem imale doblest, vo ramkite na svojata drzava i ingerencii, za prv pat da go priznaat postoenjeto na makedonskata nacija so site svoi posebnosti i da ja vklucat kako ramnopraven del od zaednickata federacija. Toa e realnosta, a prikaski sto bi bilo koga bi bilo, ili da imase baba mi m..., moze da se kazuvaat do utre sabajle.
Nikola, 10.10.2011 09:19:24
Poveke za ovie nastani - http://en.wikipedia.org/wiki/Metodi_Shatorov
Palestina stana 194. clenka na UNESCO!, 10.10.2011 10:12:40
Palestina stana 194. clenka na UNESCO, a nie nishto!
стoјан.с, 10.10.2011 10:15:48
Колку убав турски збор “АБДАЛ“. Култивиран Балканец. Каков Тодор Александров каков Ванчо Михајлов. Тие изроди кои се чувствуваа Буагри (првиот борејки се за племето Бугарско види ’Се за Македонија’ црвена книга од архивот на РМ а вториот, крвав до гуша, човекот кој умре во 1990 како бугарин во душата) се најголемите македонски гнаси.
tihi, 10.10.2011 10:31:58
ZHalna vest za komunjarite.Se slavi pochetokot na narodnoosloboditelnata borba ,kako prodolzhenie na ilindenskata epopeja ,a ne komunistichka revolucija koja saka nekoj i sega da ja nametne.Sekoja chest za zhrtvite od toa slavno minato.
ФЕЛИКС, 10.10.2011 11:20:53
Нема таканаречен НОБ туку вистински и антифашистички,се има заслуги и за повоената изградба на земјата и други историски позитивни нешта.Но пречи кога бегло се 2-3 збора се опишуваат црните петна и на НОБ и повоеното однесување на поединци кој го материјализираа своето учество во НОБ.Се додека вака се прави место јасна и прецизна осуда ќе има омаловажувања од една страна и кукање за непочит од другата страна.Тој црн товар мора еднаш да се растовари и да му се даде јасна историска осуда од страна на сојузот на борците.
Огo, 10.10.2011 11:31:21
Точно, разумно, добро срочено. Доста беше ревизионизам! А за оние што зборуваат дека успехот на НОБ не бил многу голем, како што вели Култивираниот балканец, бидејќи наводно сме ги загубиле Егејска и Пиринска, еве неколку реторички потпрашања: успехот не бил голем во однос на што? Во однос на претходните успеси? Немало успеси. Во однос на територијата што сме ја имале? Не сме имале држава на никаква територија. Со кои сили и со кои сојузници ќе ги добиевме тие територии? Во борба против СССР, САД и Велика Британија? Како се викале единиците на Македонците во Граѓанската војна во Грција? Се викале СНОФ (Славомакедонски народноослободителен фронт). А како ни се викаше првото собрание? АСНОМ, без додавки. И што тоа не било успех? Молк!
Кемал Ататурк, 10.10.2011 13:07:31
СРЕЌЕН И ВЕЧЕН НЕКА НИ Е ПРАЗНИКОТ
Stara skpjanka, 10.10.2011 13:19:31
So isklucok na nekolku komentari na zapaleni glavi so rozovi ocila i lazen pogled kon minatoto, soglasna sum so komentarite na onie koi go stavaat na pravoto i prvo mesto,oformuvanjeto na Makedonija, za PRVPAT po vtorata svetovna vojna.Imam Ilindenci vo familijata no i prvoborci koi takareci deca, izlegoa da se borat ZA MAKEDONIJA,bez da se misli na vremeto deka se odnesuva na nekakov kumunizam. Poradi toa nema sto poveke da komentiram za nepravdata sto im se pravi na malkuminata zivi prvoborci i ne se spomenati,ostanaa zaboraveni, onie 6 PARTIZANI koi si dozvlile da odat vo planina, bez dozvola od goere. Once od Veles, Pajo i drugite na cii iminja ne se sekjavam! NO, seto ovoa pisuvanje mi bese da potsetam, ubavo da se pogledne spomenikot gore, cije znacenje i ubavina kazuvaat mnogu poveke ,od site skapi spoemnici koi ni go pravat gradot smeshen! Na kraj, NEKA NI E SREKEN I VECNO SLAVEN UTRESNIOT PRAZNIK, 11 OKTOMVRI. Baram posebno izvinuvanje od starite prvoborci. IM Blagodaram
Bern CH, 10.10.2011 14:32:07
Kultiviran ima pravo, levoto krilo na organizacijata beshe iskoristeno prvo od Kominternata, a potoa i od Stalin i Tito za shirenje na komunistichki revolucii na Balkanot, i zatoa nemavme nikakva podrshka od Zapadnite Sili.
Jован АН, 10.10.2011 15:23:17
Никој не ја заборавил народноослободителната и антифачистичка борба,но не е фер а да не се осветлат и осудат “белите петна “ во таа борба,а особено во повоеното време.Не може а да не се запрашаме со каква огорченост во душата “отишле“ борци како Ченто,Брашнаров,Мајски,Шарло и илјадници знајни и незнајни.
wd40, 10.10.2011 16:34:06
Poraka do BORCITE......Da idejata na 11 Oktomvri 1941 bese plemenita i da na 2 Avgust 1944 se sluci Vtoriot Ilinden so sto se udrija temelite na modernata Makedonska Drzava ama vie go izgubivte kompasot so komunizmot i kompletno mu se predadovte na Diktatorot J.B.Tito koj ja zapuste ovaa nasa Makedonija a vie kutevte i se tepavte vo gradi za Marks i Engels za utopija za komunizam.....Vistinskite heroi/Patrioti kako K.J-Pitu Koco Racin, Straso Pindjur, Panko Brasnarov, Metodija Satorov-Sharlo, Mihajlo Apostolski, M.A.-Chento platija so svoite zivoti a vie koj ste se kriele ne guknavte za strelanjeto na Kaleto, za Sremskiot Front za Komunizmot.........P.S. od krajot na II Svetska vojna pominaa 66 godini uste kolku borci ima ostanato......
makedonec, 10.10.2011 20:17:01
секоја чест на борците, ама кај беа тие кога оние со ружата уништуваа се она што тие го создадоа, го искрадија се она што во Македонија се ствараше, се праевте на удрени, ако не ви е јасно одете до Отешево, па прашајте се кој го руши сето тоа, кој ја запале вила Југославија кој го изруши цело Отешево. ВМРО сигурно не беше. Како вашиот претседател на борците од Ресен дежураше пред канцеларијата на тој што го руши сето тоа. Престанете да бидете лицемери бре
Alek, 10.10.2011 22:27:31
VMRO-DPMNE go digna vostanieto i ja stvori i izgradi ovaa drzava. Sega pravat plan, so prijatelite od NATO, da od onie dva-tri dela napravat cela. Srbite velat:kad vrba rodi grozdje. Se prasuvam dali se ovie izrodi voopsto izlegnale od Makedonija i slusnale sto drugite mislat za nas ili podobro receno, dali voopsto znaat za nas. E tolku sme silni! More fala mu na Joska i negovite komunjari sto go barem ova imame, iako od silnite patrioti ne znam do koga. Scenarijata i moznostite se povece od crni. Vo sekoj slucaj, CESTIT PRAZNIK. PS. Tito ja sakal YU od Solun do Trst, ama kako sto rece eden komentator, i nad nego imalo popovi.
Ljubotan-Trade Name, 11.10.2011 04:35:07
@ JOVAN - IVAN .Hej ! Jovane ,Jovane ;Mnogu pati ne se slozuvam so tvoite Stiho Tvorbi,ama sega me pogodi vo Srce! So Drugi zborovi, mi go zede-,,ukrade Moeto Pisanije ! Tvoeto pisanije, e Sonce,a Jas, kako Mesecina ne sum ni potreben ! Makedonoja kaj mene se pravese od 1941 do 1946 so cetiresetina zrtvi ili pak 30% od Vozrasnati kaj Nas,.Ako Nekomu mu smeta neka gi pogleda Bugarskite Filmovi na Bugarskite Proslavi i dobro doslici 1941 Vo Prilep, Skopje, Stip, i TTN, Pa se ce vi se kaze Vistinata za VMRO!
Комуњар кој помогна да се создаде оваа држава, 11.10.2011 08:42:18
Да не беа комунистите не само што ќе немавме своја држава,туку и македонската нација немаше никој да ја признае.Само Тито беше во состојба да ги подготви и убеди српските комунисти да ја признаат македонската нација и Република македонија.Не ка култивираниот балканец посочи макар еден бугарин кој би се издигнал на такво праведно интернационално ниво да ја признае нашата нација.Се гледа дека сеуште овој гнасен балканец го сонува сонот на неговите големобугарашки татковци
Ljiljana Kocoska-Maras, 11.10.2011 12:19:25
Prekrasen napis - go cestitam nasiot golem praznik 11 Oktomvri na site nasi gragani vo Makedonija i bi sakala da ja izrazam mojata golema pociti i blagodarnost kon borcite na Narodnoosloboditelnata vojska sto ovozmozija sozdavanje na temelite na nasata drzava, sto na moite roditeli i mene ni ovozmozija konecno da zboruvame na nas makedonski jazik, bez strav da gi upotrebiuvame nasite makedonski iminja i prezime, a besplatnoto obrazovanie vo osnovnoto, srednoto uciliste i na fakultet mi gi otvorija vratite vo svetot i mi ovozmozija da najdam svoe mesto vo akademskiot svet vo ovaa evropska zemja vo koja ziveam. Kriticki osvrt i analiza na periodot od Narodnoosloboditelnata vojna i povoeniot period treba sekako da postoi, no zaslugite, objektivnite dostignuvannjata na borcite koi ucestvuvaa i ginea vo antifasitstickata borba ne moze i ne smee da bide zapostaveno i omalovazuvano - zaradi nas samite, zaradi nasite deca i nivnite deca. Blagodaram.
seirdzija, 11.10.2011 16:49:15
Da se kaze deka sme ja izgubile egejska i pirinska trebalo prvin da ja imame,taka?Vaka namesto da se poklonime na borcite koi ni ovozmozile parce slobodna zemja,nekoi si davaat za pravo da plukaat po istite.Sporedeno so denesnite greski onie od 45 izgledaat smesno,osven ako ne gi razbirame sto gi sotrele antimakedonci,stalinisti i slicni vo toa vreme.Vo takvi ludje sigurno ne spadjaat Ljube Boskovski i Martin Neskovski,a ni predavnici sto se lustriraat vo denesno vreme....
Ivan, 11.10.2011 18:04:51
Tatko mi beshe partizan, no nikogash ne gi svari komunjarite. Seushte mu ja chuvame kapata partizanska, koja lichi na ruskata, a ne na shajkachata. Dedo mi, koj bil trgovec i chorbadzija mu vikal: Sinko, ovie komunistive imaat li gs? Imaat. Ako e taka, kje jadat, ako jadat kje kradat... Taka i bi, iskradoa, zhiveeva kako burzhoazija na Vodno u izolacija i priroda. Oddelno od nas obichnite. Tito zhiveeshe zhivot na skromen bravar, na primer... Zatoa i go razbirav stariot koga so gadenje gi gledashe kako se transformiraat vo evropejci i demokrati. Lesna ti zemja stari i chestit praznik!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


 
Најнови вести
Време
Скопје, 1°C

Претежно облачно

Понеделник
Сончево
Макс: 9°C, Мин: -4°C

Вторник
Делумно облачно
Макс: 9°C, Мин: -5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани


Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Писма |