11.11.2011, 15:57 Били Кристал ќе ја води церемонијата на доделување Оскар
Популарниот американски комичар Били Кристал ќе ја води 84. церемонија на врачување на најпрестижните филмски награди во светот „Оскар“, пренесоа светските агенции.
- Ќе бидам домаќин на Оскарите, така што младата аптекарка на крајот ќе мора да престане да ме прашува за моето име кога си ги земам лекарствата. Очекувам шоу, рече 63-годишниот комичар и ветеран во водењето на церемонијата во соопштението на Твитер.
Кристал церемонијата ја водеше и во 2004 година. Тој досега ги врачувал златните статуетки осум пати.
Првично Еди Марфи беше избран да ја води церемонијата, но актерот се откажа во знак на солидарност со продуцентот на шоуто, режисерот и негов пријател Брет Ратнер, кој се повлече заради искажаните навредливи изјави на адреса на луѓето со хомосексуална ориентација.
Американската филмска академија го најде заменикот на Ратнер во холивудскиот ветеран Брајан Грејзер, кој доби Оскар за неговиот филм „Прекрасен ум“ од 2002 година.
Церемонијата на доделување Оскари ќе се оддржи на 26 февруари 2012 година во Лос Анџелес.
|