04.11.2011, 14:01 „Мајки“ на фестивалот на европски филм во Севиља
Филмот „Мајки“ на Милчо Манчевски во недела и на 10 ноември ќе биде прикажан на престижниот фестивал на европски филм во Севиља каде ќе се прикажуваат финалистите на трката за награда на Европската филмска академија.
„Мајки“ ќе биде прикажан во селекција од 40 избрани европски филмови на годината.
Пред две недели филмот доби награда за режија на фестивалот LIFFE 2011, што претставува четврта меѓународна награда за „Мајки“. Претходно победи и на белградски ФЕСТ, а ја освои и наградата на Федерацијата на европски и медитерански филмски критичари, ФЕДЕОРА на Синема Сити фестивалот.
По светската премиера во Торонто и европската гала премиера во Берлин, филмот беше прикажан на повеќе фестивали годинава.
Филмот „Мајки“ е македонско-француско-бугарска копродукција.
|