07.11.2011, 14:17 Кениецот Мутаи нов рекордер во Њујорк
Патеката долга 42,195 километри тој ја мина за 2:05,06 часа, што претставува воедно и нов рекорд на една од најпрестижните маратонски трки во светот.
Кениецот Џефри Мутаи победи во годинашното издание на маратонот во Њујорк. Патеката долга 42,195 километри тој ја мина за 2:05,06 часа, што претставува воедно и нов рекорд на една од најпрестижните маратонски трки во светот. Најдобриот резултат досега беше во сопственост на Тесфае Јифара (2:07,43 часа) од 2000 година. Второто место го освои уште еден Кениец, Емануел Мутаи, кој во целта влезе со време од 2:06,28 часа. Емануел Мутаи, инаку, триумфира на лондонскиот маратон и победник е светска серија големи маратони. Впрочем, тој е најдобро пласиран тркач кога ќе се земат предвид учествата на сите пет најзначајни маратони во светот во Берлин, Бостон, Чикаго, Лондон и Њујорк за што доби половина милион американски долари. За пласманот во Њујорк, во време на рекорд на митингот, Емануел Мутаи заработи дополнителни 135.000 долари, а победникот Џефри Мутаи доби чек од 200.000 долари.
Најдобра кај дамите беше Фирехибот Дадо од Етиопија. Резултатот што го забележа беше 2:23,15 часа.
|