04.11.2011, 13:17 Важна победа за Илиевски и за Ефес
Анадолу Ефес славеше на гостувањето кај Армани во третото коло од Евролигата (62:54), а македонскиот плејмејкер Владо Илиевски одигра 12 минути.
Во нив не успеа да реализира во двата обиди од поле и заврши со една асистенција. Додека беше на паркетот добро ги организираше нападите, а имаше и цврст настап во одбраната.
Турскиот претставник во текот на целиот меч ја контролираше играта, постојано одржувајќи ја предноста до 12 поени, за на крајот да оствари победа со која се ирзамни со челните екипи во групата Ц.
На останатите два меча во оваа група Партизан во „Пионир“ го совлада белгиски Шарлероа со 91:81, што беше прва победа за црно-белите. Во дербито на колото, Макаби во Тел Авив му го нанесе првиот пораз на Реал Мадрид (88:82).
Резултати од групата Ц: Партизан - Шарлероа 91:81, Макаби - Реал 88:82, Армани - Анадолу Ефес 54:62.
Табела: Реал М 5, Ефес 5, Макаби 5, Партизан 4, Армани 4, Шарлрероа 4.
|