07.11.2011, 10:39 Поделбата на Косово ја отвора Пандорината кутија
Ова стои во написот на познатиот американски весник Волстрит Џрнал, во кој се оценува дека на овој начин може да се избегне евентуално ескалирање на насилство, како она последното што се случи во северниот дел на Косово.
Европа и САД со години ја отфрлаа можноста за разгледување на границите на Балканот поради стравот од нови меѓуетнички конфликти и крвопролевања, но се чини досегашните недорабирања помеѓу косовските Албанци и Срби, го омекнале досегашнот став на меѓународната заедница околу ова идеа.
Ова стои во написот на познатиот американски весник Волстрит Џрнал, во кој се оценува дека на овој начин може да се избегне евентуално ескалирање на насилство, како она последното што се случи во северниот дел на Косово.
Весникот, кој, според албанските медиуми што ја пренесуваат информацијата, бил портпарол на американските финансиски кругови, потсетува на фактот дека поранешниот координатор на Пактот за стабилност во југоисточна Европа, Ерхард Бусек, бил прв западен политичар кој го спомена концептот за промена на границите, а потоа и американскиот репбликански конгресмен, Дејна Рорабејкер, која уште поконкетно го разви овој концепт, предлагајќи размена на територии и популација меѓу Србија и Косово.
Како и да е, пишува весникот, ваквите идеи за размена на територии може да доведат до евентулана промена на меѓународната политика, но и реконфигурирање на границите на Косово кое може да ја отвори „Пандорината кутија на Балканот.
Косовскиот премиер Хашим Тачи , токму поради оваа причина, изјави дека „нема да има никаква промена на границите и најмалку размена на територии во Косово“, отфрлајќи ја истовремено идејата на Србите од северниот дел на Косово, да им даде посебен статус или автономија, наведува престижниот Волстрит Џрнал.
|