04.11.2011, 15:25 Четворица млади Французи починаа од „крокодил“
Властите во Франција вршат истрага за смртта на четворица млади Французи причинета најверојатно од употреба на дрога. Полицијата и лекари претпоставуваат дека е можно да станува збор за дрога од Русија позната под името „крокодил“
Тој наркотик познат и како „дезоморфин“ се појави во Русија пред неколку години и е најмртоносна синтетичка дрога. Наркотикот е евтин за производство - се прави од препарати што може да се купа во аптеки без рецепт. Дрогата е наречена така бидејќи од неа човечката кожа почнува да се лупи, се појавуваат рани на кожата и позеленува како кожа на крокодил. Наркоманите кои користат таков вид дрога живеат најмногу една и пол година, јавуваат француски медиуми.
Во Русија има регистрирани пет илјади наркозависници кои користат дезоморфин. Момчињата во Франција кои ги загубија животите биле на возраст меѓу 17 и 25 години, жители на Лил и Дуе во северна Франција.
|