04.11.2011, 14:37 КФОР ги отстранува барикадите од Брњак
Припадниците на КФОР вчера околу осум часот почнаа да ги острануваат барикади на административниот премин Брњак. Србите се обидуваат да ги спречат во тоа, правејќи нови барикади.
Државниот секретар во Министерството за Косово и Метохија, Оливер Ивановиќ оцени дека КФОР со оваа акција непотребно придонесува за кревање на тензиите.
Француските и германските војници со моторни пили ги отстрануваат дрвата, а со лопати земјата, додека Србите со багер истураат нови колични земја на барикадата која се наоѓа на административната линија кај преминот Брњак.
Вчера рано изутрината мал број на Срби се обидоа да ја заштита барикадата која беше висока над два метри, но војниците на КФОР ги истуркаа и поставија „жив ѕид“, односно кордон пред барикадата. За време на туркањето меѓу граѓаните и војниците, еден припадник на КФОР употреби солзавец, чијшто млаз заврши во очите на еден Србин.
Кордон војници на КФОР се наоѓа пред старата барикада, на територијата за која како што трвдат Србите припаѓа на централна Србија. Пред почетокот на акцијата војниците од барикадите го отстранија српското знаме што беше поставено на неа.
Истовремено додека се отстранува една Србите поставуваат друга барикада на само неколку метри од старата, а земја се истра буквалн�� пред нозете на војниците на КФОР, кои стојат во кордон со комплетна опрема за разбивање на демонстрации. (БЕТА)
|