04.11.2011, 13:29 Македонија стартуваше со пораз на Бринг купот
Во првиот меч загубивме од домаќинот Норвешка со 33:26, вечерва играме со Португалија, во последниот дуел утре со Литванија.
Македонската машка ракометна репрезентација со пораз стартуваше на Бринг купот во Норвешка, подготвителен турнир пред настап на Европското првенство во Србија во 2012 година. Избраниците на Звонко Шундовски во воведниот дуел загубија од домаќинот со 33:26 (полуврерме 16:11). Вчера попладне нашиот тим играше со Португалија, попладнево во последното коло ќе ги одмери силите со селекцијата на Литванија.
Норвежаните ја оправдаа фаворитската улога што ја имаа во мечот со нас. Нашиот состав добро тргна и одржуваше резултатски егал до 10:10. Оттогаш следуваше серија на домашниот тим со 6:0 по што ние не успеавме да се вратиме во игра. Противникот фуриозно го започна и вториот дел. Направи нова низа, овојпат со 5:0, за недостижни 20:11.
Најефикасен поединец на теренот беше Кристофер Рамбо со 11 гола, Еспен Лие Хансен погоди деветпати. Прв стрелец во македонската репрезентација очекувано беше Кирил Лазаров со 7 погодоци.
Норвешка - Македонија 33:26
Полувреме: 16:11. Сала: „Фолотрик“ арена. Гледачи: 2020. Исклучувања: Норвешка - 8 минута, Македонија - 4 минути. Норвешка: Рамбо 11, Хансен 9, Кјелинг 4, Лунд 3, Тведтен 2, Клев 2, Лекебе 2, Мирол 1. Македонија: Митков 3, Ф. Лазаров 2, С. Стоилов 4, Манасков 1, Димовски 3, Ангеловски 2, В. Маркоски 1, Н. Мојсоски 3, К. Лазаров 7. (С.Д.)
|