Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
07.11.2011, 15:27
Државата ќе субвенционира нискобуџетни авиокомпании

Владата донесе одлука со 1,4 милиони евра да субвенционира нискобуџетни авиокомпании, за што веќе е почната постапка за измени на Законот за воздухопловство, информира денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Целта е да овозможиме што поголем број компании да ги користат аеродормите во Скопје и во Охрид кои ќе отворат нови дестинации, но и да се намали цената на авиобилетите, рече Јанакиески на прес-конференција на која даде отчет за сработеното во неговиот ресор во првите 100 дена од формирањето на Владата.

Најголем дел од земјите во регионот имаат сопствени авиокомпании и издвојуваат дел од буџетот за нивна поддршка, но пари за таа намена даваат и земјите што немаат свои авиокомпании. Доколку го пропуштиме овој воз, бидејќи веќе има зголемен интерес и патници, истакна Јанакиески, тогаш може други соседни аеродроми да ги земат нашите патници.

Министерот најави дека за две недели владин економски тим ќе понуди нов предлог за динамиката и начинот на финансирање на изградбата на автопатиштата во државата, откако на тендерот за нивно концесионирање немаше ниту едно барање за учество во постапката од компаниите кои ја поминаа претквалификациската фаза. Во Агенцијата за државни патишта се прават дополни��елни анализи за начинот на финансирање и изведбата, односно дали тоа ќе биде на ниво на автопат или реконструкција со проширување.

Според Јанакиески, за проектот за целосно автоматизирана наплата на патарините на Коридорот 10 веќе се обезбедени финансии и се очекува тој да профункционира најдоцна до 2013 година.

Прашан дали по денешниот предупредувачки протест на врботените во ЈП „Македонија пат“ е доведено во прашање одржувањето на патиштата, министерот за транспорт за вечер најави состанок со менаџерскиот тим, на кој ќе биле изнесени краткорочни и долгорочни мерки за состојбите во претпријатието.

Зголемувањето на висината на радиодифузната такса, што како предлог веќе доставено до Владата, според Јанакиески е за да се обезбеди независно и поефикасно финансирање на јавниот сервис, но предвид е земена и стапката на инфлација во последниот период.

Министерот најави проекти и за подобрување на железничката инфраструктура. Во наредниот период, како што рече, треба да се склучи договор за реконструкција на пругата Куманово - Бељаковце, до крајот на годината ЕБРД и ЕИБ да го одобрат проектот, а во текот на 2013 да почнат и градежните работи за делот што недостига до границата со Бугарија. - Во оваа фаза треба да се заврши проектот за реконструкција, да се склучи договор за кредитирање, а потоа да следи и тендер за изградба. Очекувам дека до крајот на наредната година ќе потпишеме договор за реконструкција на овој прв дел и оти ќе ја обезбедиме финансиската конструкција за вториот дел за кој треба изградба, појасни Јанакиески и додаде дека целата инвестиција е околу 450 милиони евра.

Осврнувајќи се на работењето во изминатите 100 дена, Јанакиески нагласи дека неговиот ресор работел на реализација на Програмата со која излегле пред граѓаните на изборите и со која ја добиле довербата да продолжат со реформите со цел да овозможат подобра инфраструктура, безбеден транспорт, влез на нови инвестиции и подобри економски услови за сите граѓани.

Меѓу проектите што ги реализирале ги наброја пуштањето во употреба на реконструираниот аеродром „Александар Велики“ од страна на турски ТАВ во што беа вложени 100 милиони евра, изградбата на автопатската делница Табановце - Куманово во должина од 7,6 километри во вредност од 15,5 милиони евра, легализацијата на дивоградбите, со што, според него е почната постапка за решавање на правниот статус на градби на над 353.060 семејства,... Во делот на патиштата, посочи, завршена е изградбата на регионалениот патен правец К2-П-418 од населеното место Џепчиште до границата со Албанија, а завршена е и изградбата на 20 локални патишта во 14 општини. Јанакиески истакна и оти се постигнати значителни резултати во издавањето градежни дозволи што ја рангира Македонија на првото место во таа постапка од страна на Дуинг бизнис, а која од следната година ќе биде по електронски пат. Ги наброја и пренесувањето на надлежностите за менаџирање со градежното државно неизградено земјиште кај 14 општини, набавката на нови 47 нископодни и 68 двокатни автобуси, лиценцирањето на транспортните компании, распределбата на автобуските линии по електронски пат.



Статијата е прочитана 527 пати.

Испрати коментар



Прва историска победа за Торус во БИБЛ
ФИБА Европа демантира дека имало допинг на ЕП
Ренова прв полуфиналист во Купот
Македонски кошаркар со сомнителен допинг тест на ЕП
Ѓоре Јовановски на клупата на Работнички
Монтоливо се извини што се смееше за време на минутата молчење
Со осум дебитанти на „Златен гонг“
Делио Роси на местото на Михајловиќ на клупата на Фиорентина
Почина легендарниот боксер Џо Фрејзер
Очевиците сведочеа дека Мартин бил брутално претепан
Берлускони негира дека ќе поднесе оставка
Кениецот Џефри Мутаи нов рекордер во Њујорк
Федерејшн купот за Чешка
Ферари се закани со напуштање на Формула 1
Бекам и Кин го однесоа ЛА Галакси во финалето на МЛС лигата
(ВИДЕО) Меси ја спаси Барселона во последна минута
Роденденски трофеј за Ивановиќ
Ѓоковиќ елиминиран од Нишикори
Тежок пад на Инерхофер
Шахистите поведоа, па загубија
Македонија стартуваше со пораз на Бринг купот
Важна победа за Илиевски и за Ефес
Европска пролет за пет екипи
Топлото време ги откажа слаломските трки во Леви
Тошак го повика Наумоски, во комбинација и Фетаи
Мекејлеб и Антиќ извонредни во Евролигата
Торп се враќа по пауза од четири години
Баерн подобар од Наполи, кам-бек на Пандев
Касано доживеал мозочно оштетување, ќе му го оперираат срцето
Антиќ против Каха Лаборал, Мекејлеб со Галатасарај
(ВИДЕО) Барселона и Милан први осминафиналисти во ЛШ
МКФ, сепак, со кандидатура за квалификациите за ОИ
Тричковски преку Порто во втората фаза
Касано се чувствува подобро, не претрпел мозочен удар
„Олимписки договор“ меѓу МОК и РФМ
Познати кандидатите за Златната топка
(ВИДЕО) Гранада со пресврт ја шокираше Севилја
МКФ не се кандидираше за домаќин на квалификациите за ОИ
Минута општа бучава во чест на Симончели
Џерар во гипс, Ливерпул ги чека резултатите
(ВИДЕО) Лацио немилосрден на Сардинија
Квитова ја освои титулата во Истанбул
Касано губел вид и не можел да зборува
Македонија избори учество на ЕП во ватерполо
Мирисот на лалињата ги дразни ватерполистите
Индија дебитира во Формула 1
Пеле - Секако дека Меси е најдобар, никој не му е блиску
Му се гледа крајот на локаутот во НБА
Одложено судењето на Иво Санадер за 3 ноември
Мекејлеб непогрешлив во новиот триумф на Монтепаски
Вожњачки број 1 за 2011 година
Кастелаци го спаси Интер од уште еден пораз
Шок за Ефес во трилерот во Истанбул
Металург го освои и „Борик“
(ВИДЕО) Леванте го задржа врвот, Реал незапирилив
Ф1-трка во Њу Џерси од 2013 година
Сити го казни Тевез со милион фунти
Вардар про остави впечаток, но и бодови
Јувентус нов лидер по победата над Фиорентина
(ВИДЕО) Барселона се врати на врвот во Примера
Работнички потпиша со Јане Петровски
Ловќен лесен залак за Металург
Туре - Гвардиола ме избрка од Барселона
Фени во трилер завршница поразен од Хапоел
Мурињо го казни Касилјас за доцнење
(ВИДЕО) Леванте нов лидер во шпанската Примера
Ракометарките убедливо поразени во Анталија
(ВИДЕО) Сити го награди Јунајтед со шестка
МЗТ Скопје подобар од Работнички во градското дерби
(ВИДЕО) Марко Симончели загина во страотна несреќа на „Сепанг“
Ставрев - Да и судиш на Барселона е како убав сон
Масловар нов селектор на македонската ватерполо репрезентација
Илиевски со победа ја почна Евролигата во кошарка
Металург на крилјата на публиката до втора победа во ЛШ
Исток Пуц ја изгуби битката со ракот
Тричковски и Апоел непоразени и кај Порто

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 6°C

Претежно облачно

Вторник
Магла
Макс: 14°C, Мин: 2°C

Среда
Магла
Макс: 16°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани


Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |