08.11.2011, 15:11 Ѓоре Јовановски на клупата на Работнички
Јовановски по втор пат ќе го води Работнички, а под негово водство клубот ги освои своите први титули во 2005-та и 2006-та година.
Ѓоре Јовановски се враќа на клупата на Работнички, три дена откако Горан Петрески си поднесе оставка по поразот на дербито против Вардар.
По серијата лоши резултати на Работнички, чашата ја прели болниот пораз од ривалот Вардар и викендов тренерот Горан Петрески си поднесе оставка. Неговата оставка беше веднаш прифатена од клупското раководство кое не губеше време и веднаш го ангажираше Ѓоре Јовановски.
Јовановски по втор пат ќе го води Работнички, а под негово водство клубот ги освои своите први титули во 2005-та и 2006-та година.
Поранешниот селектор на Македонија претходно работеше во Вардар, Слога Југомагнат и Милано, а токму по отказот од Работнички, изјави дека никогаш повеќе нема да работи како тренер во Македонија, но во 2008-та година седна на клупата на Металург. Тој беше тренер и на турскиот клуб Самсунспор, а минатата година ја предводеше ЦСКА Софија од Бугарија.
|