09.11.2011, 13:18 Недела на современ словенечки филм
Од утре до 12 ноември ќе бидат проектирани 7 словенечки филмови од понова продукција
Со проекцијата на филмот „Словенка“ на сценаристот и режисер Дамјан Козоле денеска во Кинотеката на Македонија, во рамки на меѓународниот филмски фестивал „Синедејс“ ќе се означи отворањето на Неделата на современиот словенечки филм.
Од утре до 12 ноември ќе бидат проектирани 7 словенечки филмови од понова продукција.
Се работи за прво вакво претставување на Словенија пред македонската публика. Овој настан е уште еден во низата активности со кои Амбасадата ја одбележува 20- годишнината од самостојноста и независноста на Република Словенија. лѓ/скс/8:47
|