09.11.2011, 10:19 Почнува реконструкцијата на теренот на арената „Филип Втори“
Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката денеска почнува со реконструкција на теренот на Националната арена „Филип Втори Македонски“.
Со реконструкцијата ќе бидат опфатени фудбалскиот терен и атлетските стази, согласно прописите на спортските федерации, а во функција на добивање современ изглед на арената наменета за домашни и меѓународни натпревари.
|