09.11.2011, 09:18 Албанскиот премиер Сали Бериша во посета на Македонија
Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска ќе се сретне со албанскиот колега Сали Бериша.
Груевски ќе го пречека Бериша на платото пред зградата на Владата со највисоки државни и воени почести. По пречекот, предвидени се тет-а-тет средба меѓу двајцата премиери, официјални разговори во пленум на делегациите на двете држави, како и изјави за медиумите.
Албанскиот премиер денеска ќе биде примен и од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, а ќе оствари средба и со раководството на Државниот универзитет од Тетово.
|