08.11.2011, 11:50 Обама пред сите републикански кандидати
Кога денеска би се одржале избори во САД сегашниот претседател Барак Обама би ги победил сите републикански противкандидати, покажуваат резултатите од истражувањето објавено во весникот „Вашингтон пост“.
Иако дури 74 отсто од Американците сметаат дека државата оди во погрешен правец, а само 22 отсто го поддржуваат политичкиот пат на сегашната администрација, Обама и понатаму важи за најголем фаворит на изборите кои ќе се одржат за една година.
Според истражувањето на овој весник и на Еј-Ви-Си Њуз, како најсериозен ривал на Обама се појавува Мит Ромни, републиканец од Масачусетс, кого Обама би го победил со 48 наспроти 45 отсто.
Актуелниот шеф на државата подобро котира меѓу независните бирачи, младите, црномурестите и латиноамериканската популација, додека Ромни поголема поддршка ужива во руралните средини, како и меѓу белците.
Бидејќи се уште не е одлучено кој ќе биде републикански кандидат, како можни противкандидати на Обама се споменуваат и црномурестиот политичар Херман Кејн и гувернерот на Тексас Рик Пери. Меѓутоа, тие, според истражувањето, би имале уште помали шанси против Обама во однос на Ромни.
На прашањето како се сменила финансиската ситуација од д��аѓањето на Обама на власт, 52 отсто одговориле дека е иста, 34 проценти дека е полоша, а само 13 отсто дека е подобра.
Сепак, на Обама надежта дека би можел повторно да биде избран за претседател на САД му ја дава оној процент гласачи кои го сметаат за „чесен и човек на кого може да му се верува“ (57 отсто), како и оние кои оценуваат дека „ги разбира проблемите на обичните луѓе“ и дека е „силен лидер“ (49 проценти).
|