07.11.2011, 11:53 Бекам и Кин го однесоа ЛА Галакси во финалето на МЛС лигата
Во финалето на Западот тимот од Лос Анџелес со 3-1 го совлада Реал Солт Лејк.
Поранешните премиерлигашки ѕвезди Дејвид Бекам и Роби Кин го однесоа ЛА Галакси во големото финале на МЛС лигата во САД, откако во финалната конференциска пресметка на западот тимот од Лос Анџелес со 3-1 го совлада Реал Солт Лејк.
Лендон Донован му донесе водство на ЛА Галакси од пенал во 23. минута, а откако Алваро Саборио изедначи две минути подоцна, Бекам успеа да го пронајде Мајк Меги со прекрасно нафрлување, по што тој со глава ја затресе противничката мрежа за ново водство од 2-1 во 58. минута. Победата ја запечати Кин десет минути подоцна.
ЛА Галакси за шампионската титула во големото финале на 20 ноември ќе се бори со Хјустон Динамо, кој славеше во финалето на Истокот со 2-0 над Спортинг Канзас Сити.
|