02.11.2011, 15:04 Касано доживеал мозочно оштетување, ќе му го оперираат срцето
Антонио Касано доживеал мозочно оштетување, базирано на недоволен проток на крв, но најверојатно ќе се врати на теренот по неколку месеци, објави Милан во клупско соопштение на својата веб-страница.
„Беа потребни 72 часа невролошки испитувања за да се расветли каде настанал проблемот со циркулацијата на крв во мозокот, кој не предизвикал трајни невролошки дефицити. Со софистицирани специјални испитувања е утврдена срцева мана во ѕидот меѓу левата и десната преткомора. Навремената терапија овозможи брзо закрепнување и подобрување на клиничката состојба."
„Во наредните денови, играчот ќе биде подвргнат на мала хируршка интервенција (затворање на ѕидот меѓу левата и десната преткомора). Времето на закрепнување и на враќање на играта ќе биде поточно дефинирана по операцијата, но веројатно ќе биде по неколку месеци."
Клубот искрено се заблагодарува на поликлиниката во Милано каде што играчот беше хоспитализиран.
|