04.11.2011, 21:54 Филе го употреби зборот македонски во Прага
На прес-конференцијата по состанокот на Вишеградската група еврокомесарот Филе наведе дека ЕК ја повтори препораката Скопје да започне преговори, за што треба да одлучи Европскиот совет.
Македонскиот јазик постои, придавката „македонски“ треба да се користи. Тоа не е некој исклучок, туку треба да биде правило - изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски по денешната прес-конференција во Прага на која еврокомесарот за проширување Штефан Филе го спомна терминот „македонски“.
Попоски рече дека не сака да го коментира ставот на Филе, но додаде оти принципелно Комисијата секогаш треба да ги заштитува оние вредности за кои се залага за Европската унија, а една од нив е заштитата и афирмацијата на нашите посебности без разлика дали се културни, јазични.
На прес-конференцијата по состанокот на Вишеградската група еврокомесарот Филе наведе дека ЕК ја повтори препораката Скопје да започне преговори, за што треба да одлучи Европскиот совет.
- Се надевам дека пред одлуката на Светот ќе бидат искористени сите можности од двете страни дека максимално ќе се бара можно решение за спорот со името. Тоа ќе значи дека ова ќе има влијание не само за македо��ските граѓани, туку и за целиот регион, рече Филе.
|