06.11.2011, 13:23 „Отворен ден" во МВР за сите заинтересирани граѓани
Секторот ќе биде отворен за сите заинтересирани граѓани до 16 часот да ги чуе нивните сугестии, поплаки или потреба од дополнителни информации за работењето на полицијата.
Секторот за внатрешна контрола во МВР денеска одржува „Отворен ден“ за граѓаните. Секторот ќе биде отворен за сите заинтересирани граѓани до 16 часот да ги чуе нивните сугестии, поплаки или потреба од дополнителни информации за работењето на полицијата.
Доколку интересот е голем, можно е пролонгирање на времето за прием.
Освен граѓаните, на „Отворениот ден“ се поканети и Народниот правобранител, како и претставниците на меѓународните мисии во Македонија.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска, по повод одржувањето „Отворен ден“, ќе ги посети вработените во Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР.
|