07.11.2011, 11:50 Во сообраќајка во Египет загинаа 11 унгарски туристи
Во тешка сообраќајна несреќа, кога автобус се преврте во египетското летувалиште Хургада, загинаа 11 унгарски туристи, а 27 се повредени. Меѓу повредените туристи има и четири деца.
Инцидентот се случил вчера, кога најверојатно возачот на автобусот ја загубил контролата над возилото на кружниот пат кон аеродромот во Хургада.
Според египетските власти, во сообраќајни несреќи во Египет годишно животот го губат околу 6.000 луѓе, а причина за тоа се лошите патишта и непочитувањето на прописите.
|