08.11.2011, 15:34 Отчет на министерот за економија Сарачини за првите 100 дена од Владата
Економскиот раст на државата, подобрувањето на бизнис климата, поттикнување и деверзификација на производството, зајакнување на иновативноста, инвестициите и извозот, зголемување на конкурентноста на економијата во насока на зајакнување на местото и улогата на малите и средните претпријатија и намалување на енергетската зависност од увоз на енергенси се дел од приоритетите на Министерството за економија.
Ова го истакна министерот за економија Ваљон Сарачини на прес-конференција за активностите на Министерството за економија во првите 100 дена од формирањето на Владата, насловена „100 активности во 100 дена“.
- Во изминативе 100 дена во Министерството за економија работевме со полна пареа, а кога се работи интензивно тешко е да се сублимира сработеното. Овие 100 дена ни беа исполнети со многу работа и учење на проблематиката во од, но со голема верба и сигурност дека работите кои ги започнавме ќе ги довршиме во интерес на подобра економија, развој и просперитет на Република Македонија, рече Сарачини.
Тој појасни дека некои од активностите се продолжени, други се тековни, но многу се и штотуку започнати.
Во секторот туризам, нагласи, го субвенциониравме организираниот туристички промет во висина од 48,8 милиони денари, дадовме субвенции во износ од 1,2 милиони денари за туристички манифестации кои се одржуваат од страна на туристичката деловна заедница,....
- Како резултат на мерките на Владата и на Министерството за економија можеме да кажеме дека имаме значителен пораст на бројот на туристи, посебно на странските туристи каде се бележи зголемување за 25 проценти. Исто така, за првите осум месеци од годинава е зголемен и девизниот прилив од туризмот за 18,5 отсто или за околу 100 милиони долари, рече министерот Сарачини, нагласувајќи дека вкупниот број новоотворени работни места во секторот туризам е зголемен за 40 проценти во однос на минатата година.
Министерот за економија ги наброја и проектите кои се реализирани во секторите за претприемништво и конкурентност, за правни работи, за енергетика, за минерални суровини, за внатрешен пазар, за европски интеграции, за индустриска политика, за меѓународно-трговска политика, за поттикнување на инвестиции и економска промоција и за континуирана комуникација со бизнис заедницата и инвеститорите.
|