09.11.2011, 13:55 Кинезите бараат „Ел Класико“ да се игра на пладне
Откако мечот меѓу Реал и Осасуна (7:1) беше одигран точно на пладне Кинезите, кои поради временската разлика истиот натпревар го гледаа навечер, полудеа за фудбалот.
Шпанското дерби меѓу Барселона и Реал М. би можело да стане кинеско „Ел Класико“. Откако мечот меѓу Реал и Осасуна (7:1) беше одигран точно на пладне Кинезите, кои поради временската разлика истиот натпревар го гледаа навечер, полудеа за фудбалот.
Дури 60. милиони од нив гледале како Роналдо постигнува хет-трик против Осасуна.
„Колку ќе биде добро да се гледа Реал во вечерен термин, а не како обично да се чекаат утринските часови за да се фати малку од акцијата“, напиша кинеската новинска агенција „Шензен Дејли“, а агенцијата „Ксинхуа“ побара „Ел Класико“ да се игра на пладне.
„Мечот меѓу Барса и Реал треба да се игра на пладне, бидејќи ќе биде рекордно гледана. Шпанија сака да ги задоволи своите навивачи во Кина и затоа е воведен овој термин“, се додава во текстот на агенцијата, која смета дека тоа може да ја извлече шпанската лига од финансиска криза.
Тренерот на Реал, Жозе Мурињо, кажа дека му се допаѓа да игра на пладне, а претседателот на Барселона, Сандро Росел, не е за таа идеја.
„Никогаш нема да ставам меч на пладне поради кинескиот пазар. Сакаме да ја отвориме вратата за странците, но и да не заборавиме на нашите корени“, изјави Росел.
Но, тој и Мурињо не одлучуваат за промена на термините. Тоа треба да го направи Фудбалската федерација на Шпанија. „Треба да седнеме и разговараме. Па потоа да донесеме одлука“, посочи генералниот секретар на Федерацијата, Карлос дел Кампо.
|