Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
10.11.2011, 12:23
Расте популарноста на Никола Саркози




Шест месеци пред првиот круг од претседателските избори во Франција, популарноста на актуелниот француски претседател Никола Саркози забележа досега незапаметен раст.

За само еден месец, популарноста на Никола Саркози порасна од 32 на 40 отсто, повлекувајќи го со себе и актуелниот премиер Франсоа Фијон, чија попучарност се зголеми за процентини поени на 43 отсто, соопшти политичкиот институт „ЦСА-Лес Еко“.

Сепак, мнозинството Французи, односно 56 проценти и натаму не веруваат дека претседателот Саркози може ефикасно се сооочи со главните проблеми кои стојат пред Франција.

Добивајќи осум поени на популарност за само еден месец, Саркози го забележа најголемиот пораст од почетокот на неговиот мандат, достигнувајќи го нивото од феврураи 2010 и многу далеку од март 2011 кога доверба во него имаа само 30 птроценти од испитаните Французи.

Во премиерот Фијон доверба имаат 43 отсто од Французите, 51 проценти немаат доверба, а шест отсто немаат мислење.

Кандидатот на социјалистите за претседател на Франција, Франсоа Оланд се уште во јавното мислење ужива позитивно мислење. Дури 51 отсто од испитаните се со позитивно мислење за него, што сепак претставува пад поени од пет проценти поени во споредба со анкетата од пред еден месец. Според институтот ЦСА, ова е последица на појаснувањето на политичката слика во Франција во пресрет на претседателските избори.

Популарноста на шефот на француската држава расте и според другите испитувања на јавното мислење, судејќи според анкетите објавени деновиве. Таа порасна за пет процентни поени на 37 отсто во анкетата на ЛХ2 објавена на 7 ноември и за шест поени во политичкиот барометар на „ТНС Софрес“ за „Фигаро Магазин“, каде 30 проценти од испитаниците имаат позитивно мислење за Саркози.

Саркози се уште официјално не е кандидат за претседател, но тој се однесува како да е во сред предизборна камапања со чести патувања во внатрешноста на Франција. Неговата одлука околу кандидирањето се очекува да биде соопштена на почетокот од идната година.



Статијата е прочитана 378 пати.

Испрати коментар



Лековите ќе поевтинат по секоја цена
Ставрос Димас нов шеф на грчката дипломатија
Фатен и втор ограбувач на куќата на Љубе Бошкоски
Обезбедени сите пари за „Скопје сити мол“
Баба и внук ја убиле старицата во старечкиот дом во Радовиш
ДЕНОТ НИЗ ФОТОГРАФИИ
Патнички воз усмрти жена
Демолиран автомобилот на велешкиот градоначалник
Од вторник за возилата мора зимска опрема
Светска банка и одобри на Македонија 100 милиони евра
Починат кандидат со најмногу гласови на изборите за градоначалник
Доживотен затвор за американски војник поради убиство на цивили
Ал Џазира Балканс почнува со емитување програма
Најмалку 12 загинати во последниот земјотрес во Турција
Заврши средбата за утврдување на состав на грчка Влада
ХЕЦ „Бошков мост“ конечно ќе почне да се гради
Попоски: Преговори со ЕУ и паралелно решавање на името
Тројца Македонци загинаа во сообраќајка кај Бујановац
Официјално - малолетници може да возат
До Божиќ Израел ќе го нападне Иран!
Моше Кацав седум години во затвор
„Скопје 2014“ ќе се рекламира на светските ТВ-станици
ДЕНОТ НИЗ ФОТОГРАФИИ
Уапсен грчки државјанин по меѓународна потерница од Интерпол Атина
Државен надомест само осум месеци пред пензија
Одложено судењето за убиството на српскиот турист Новаковиќ
Собранието продолжува со расправа по Законот за пратеници
Генер��л Борнеман - НАТО не може да го реши проблемот со името
Пад на цената на нафтата
(ОБНОВЕНО) Лукас Пападимос е нов грчки премиер
Седуммина загинати во нов земјотрес во реонот на турскиот град Ван
(ФОТО) Велешани порачаа - Топилница никогаш повеќе!
Преговорите за нова грчка влада прекинати
Двајца Македонци пронајдени мртви во Италија
Од пролет фудбал на трева во ролни
Газда на грчки фудбалски клуб приведен во Скопје

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


 
Најнови вести
Време
Скопје, 5°C

Облачно

Петок
Ведро
Макс: 8°C, Мин: -3°C

Сабота
Сончево
Макс: 8°C, Мин: -4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани


Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |