10.11.2011, 13:09 Фуриозна трета четвртина на Фени за победа над Напредак
Бранителот на трофејот во Балканската лига, Фени индустри, го забележа и вториот триумф сезонава, прв на домашен терен. Беше совладан Напредак Крушевац со 77:72.
Џарид Фрај беше најефикасен кај Фени И. со 21 кош, на кои придодаде и шест скока, три асистенции и три украдени топки. Дарко Соколов реализираше 19 поени, а двоцифрен беше и Симоновски со 13 коша. Кај Напредак најефикасен беше Марко Пузиќ со 13 поени.
Со овој триумф Фени И. се искачи на чело на табелата во групата Б со еднаков број бодови како и Хапоел Тел Авив (две победи и еден пораз). Во наредното коло кое се игра на 30 ноември кавадарчани му гостуваат на Зрињски во Мостар.
|