06.11.2011, 11:46 Роденденски трофеј за Ивановиќ
Ана во финалето во голем стил со 6-3, 6-0 ја збриша Шпанката Анабел Медина Гаригес, најавувајќи враќање во старата форма.
Српската убавица Ана Ивановиќ на најдобар можен начин го прослави својот 24. роденден, успешно бранејќи ја титулата на ВТА турнирот во Бали. Таа во финалето во голем стил со 6-3, 6-0 ја збриша Шпанката Анабел Медина Гаригес, најавувајќи враќање во старата форма.
Ова е 11. титула во кариерата на поранешната најдобра тенисерка во светот, но прва по освојувањето на овој турнир пред точно една година.
За доминацијата на Ивановиќ најдобро говори фактот дека таа на својата противничка не и дозволи ниту една брејк можност, а камоли да го загуби сопствениот сервис. На спротивната страна, Ана искористи четири од деветте брејк-топки што ги имаше, па јасно е зошто нејзиниот триумф е така убедлив.
„Овде секогаш играм многу добро бидејќи сум крајно опуштена. Минувам доста време на плажа, целосно релаксирано влегувам во мечевите и сметам дека резултатот е очигледен“ - истакна Ивановиќ по додавањето на новиот трофеј во својата колекција на признанија.
|