06.11.2011, 11:29 Над 500 загинати во поплавите на Тајланд
Во поплавите на Тајланд загинаа повеќе од 500 луѓе, а загадената вода продолжува да се шири кон северниот дел на Бангкок, блокирајќи патишта и пруги.
Владата соопшти дека во поплавите ширум земјата, предизвикани од тримесечните обилни дождови загинале најмалу 506 луѓе.
Водата почна да се повлекува од некои провинции северно од Бангкок, но нејзиното ниво расте на подрачјето на повеќемилионскиот главен град. Властите наредија евакуација од осум од вкупно 50 окрузи во Бангкок, а уште седум окрузи се повеќе или помалку поплавени.
|