07.11.2011, 10:28 Предвремени избори во Грција на 19 февруари
Расправата за тоа кој ќе ја предводи преодната влада ќе продолжи денеска, соопшти кабинетот на грчкиот претседател Каролос Папуљас, по разговорите на кои учествуваа и премиерот Јоргос папандреу и лидерот на опозицијата Антонис Самарас.
Двете најголеми грчки политички партии синоќа постигнаа договор за формирање преодна влада на национално единство, која нема да ја води досегашниот премиер Јоргос Папандреу, а 19 февруари е договорен како најповолен датум за одржување предвремени избори.
Расправата за тоа кој ќе ја предводи преодната влада ќе продолжи денеска, соопшти кабинетот на грчкиот претседател Каролос Папуљас, по разговорите на кои учествуваа и премиерот Јоргос папандреу и лидерот на опозицијата Антонис Самарас.
- Денешниот ден беше историски за Грција - изјави синоќа по едночасовниот состанок портпаролот на грчката Влада Илијас Лосијалос, додавајќи дека доколку се биде според планот, новата коалициска влада ќе положи заклетва во текот на следната недела.
Министерството за финанасии во текот на вечерта, по средбата на министерот Евангелос Ванизелос и неговиот заменик Филипос Сакинидис со претставници на опозициската Нова демократија, соопшти дека двете страни се согласиле изборите да бидат одржани на 19 февруари.
- Крајниот рок, 19 февруари, треба да и обезбеди на грчката влада доволно време да ја заврши замената на обврзниците, со цел да ја намали задолженоста, што е дел од договорот постигнат со лидерите на ЕУ на 26 октомври - истакна извор од грчкото Министерство за финансии.
Папандреу и Самарас, како што е најавено, денеска ќе разговараат за тоа кој ќе ја води коалициската влада во преодниот период.
Грчките медиуми веќе шпекулираат дека можен кандидат за нов премиер е поранешниот потпретседател на Европската централна банка Лукас Пападемос.
Претходно, ЕУ и даде рок на Грција од 24 часа да образложи на кој начин ќе формира нова влада, која ќе го примени договорот за вториот пакет европска помош.
|