Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
08.11.2011, 14:24
Волерс: Промените во Грција го комплицираат секој процес




Грција моментно поминува низ големи политички и економски промени и се додека се во овој процес тоа го комплицира напредокот на секој друг процес, а не само прашањето за името.

Ова го изјави денеска американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс, запрашан дали поради кризата во која се наоѓа Грција е конструктивен партнер за решавање на спорот за името.

Според Волерс, политичките и економските промени кај Грција не значат дека не може да се работи на решавање на проблемот за името, но, истакнува, нема да биде лесно.

- Секако, ние не сме кренале раце од прашањето. Процесот во рамките на Обединетите нации продолжува. Нашиот став во однос на тоа прашање останува непроменет, изјави Волерс, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Македонска берза.

Американскиот амбасадор Волерс ја посети Македонската берза

Македонска берза АД Скопје во актуелниот турбулентен период на светската финансиска сцена ја извршува непречено и ефикасно својата функција како неопходна инфраструктура во националната економија за пазарно формирање на цените на хартии од вредност и нивна дистрибуција.

Такво уверување изнесе денеска извршниот директор на Македонската берза АД Скопје Иван Штериев, пред американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс, кој ја посети берзата и се запозна со нејзиниот историјат, организациска поставеност и принципи на работење.

Токму поради овие кризни состојби, истакна Штериев, а имајќи го предвид нивото на развиеност во развиените пазари и во регионот, за некои наши компании, сепак, допрва следува времето кога на локалната или на меѓународните берзи ќе гледаат на докапитализацијата како извор за финансирање.

- Генерално сметам дека состојбата по финансиската криза, не само во нашата економија туку и пошироко, ќе принуди некои од компаниите да не се потпираат само на банкарско финансирање, туку да прават некој соодветен микс и да ги гледаат пазарите на капитал како алтернативен извор, појасни Штериев.

Амбасадорот Волерс истакна дека е задоволен од можноста да добие информации за функционирањето на економскиот систем во Македонија, каде, како што рече, Берзата игра клучна улога.

Тој изрази задоволство од важната улога на УСАИД во развојот на Берзата и обуката на вработените.

- Ова е одличен пример што ја покажува соработката на двете земји во проекти што помагаат во развојот на Македонија, изјави Волерс.

Според него, секогаш имало американски компании што биле заинтересирани да инвестираат во Македонија.

- Сите интернационални компании, не само американските, бараат места со стабилна клима за инвестирање на своите пари. Независноста на судството, слобода на медиумите, образовниот систем и други аспекти се многу важни во креирањето на оваа поволна клима за инвестирање, рече амбасадорот Волерс при посетата на Македонска берза.






Статијата е прочитана 445 пати.

Испрати коментар



(ФОТО) Велешани порачаа - Топилница никогаш повеќе!
Преговорите за нова грчка влада прекинати
Двајца Македонци пронајдени мртви во Италија
Од пролет фудбал на трева во ролни
Газда на грчки фудбалски клуб приведен во Скопје
Јакимовски поднесе тужба против Бичиклиски
ЗНМ на средби со опозицијата за дијалогот со Владата
„Бегај, мали, да не те снајде и тебе истото!“
Русија и Грузија потпишаа договор за членство на Москва во СТО
Владата вети повеќе пари за иновации
Спортисти и уметници со Манифест во одбрана на македонскиот јазик
Пијан возач усмрти пешак
(ФОТО) Наскоро во Албанија со лична карта
Маџар Телеком ќе инвестира 180 милиони евра во Македонија
Лагард - Глобалната економија ризикува да изгуби декада
Робертсон - Дијалогот меѓу Белград и Приштина треба да продолжи
Велешани во борба за живот против Топилницата
Четири лица се повредени во земјотресот во Турција
КФОР ја презеде контролата на преминот Јариње
Почнува реконструкцијата на теренот на арената „Филип Втори“
(ФОТО) Опожарена покривната конструкција на три дуќани во Кисела Вода
Албанскиот премиер Сали Бериша во посета на Македонија
Составот на новата влада во Грција ќе биде објавен денеска
Берлускони најави оставка
Црвенковски - „Ме прислушкуваат“
Отчет на министерот за економија Сарачини за првите 100 дена од Владата
Детална истрага за наводното прислушкување на Бошкоски
Царина со нова електронска услуга за компаниите
СДСМ предлага пописот да се спроведе од 1 до 15 април, 2012
Арифи - Процесот на деблокирање на евроинтеграциите останува приоритет
ДЕНОТ НИЗ ФОТОГРАФИИ
Папандреу побара од министрите да поднесат оставки
Почна кампања за собирање стари и истрошени батерии
Поништена пресудата за сопствениците на шанкот-убиец
Владата не задолжи за нови 130 милиони евра
Собранието испрати 172 припадници на АРМ во Авганистан
Вестервеле - Грција треба да остане во еврозоната
Лукас Пападимос ќе биде нов грчки премиер, тврди извор во ПАСОК
Ехуд Барак - Се уште не е донесена одлука за напад на Иран
Јеремиќ - Проблемот меѓу Србија и Косово треба да се реши со компромис
„Ал Џазира Балкан“ почнува со емитување програма
Обама пред сите републикански кандидати
Лекарот на Мајкл Џексон прогласен виновен за убиство без предумисла
Климке - Името нe е приоритет на новата грчка влада
Да не се дели здравството на приватно и државно
(ФОТО) Ноемвриска крајезерска идила
Ахмети - Во првите 100 дена ДУИ се акомодира
Четиригодишно дете загина во излетан автомобил
Бензините поевтинуваат два денара, дизелот по старо
Бан Ки-мун загрижен поради влошување на безбедноста на Косово
Попоски - Досега немало прифатлив предлог за името
Во сообраќајка во Египет загинаа 11 унгарски туристи
Продолжува судењето против Игор Спасов
Венецуелскиот терорист Карлос призна дека убил околу 2.000 луѓе
Обама и Расмусен на средба во Вашингтон
Поделбата на Косово ја отвора Пандорината кутија
Предвремени избори во Грција на 19 февруари
Крај на грчкиот трилер, новата влада без Папандреу!
„Отворен ден" во МВР за сите заинтересирани граѓани
Над 500 загинати во поплавите на Тајланд
Претседателот Иванов со честитка за Курбан Бајрам
Нема крај на грчкиот политички трилер
Полноќна драма во Атина, Папандреу на чекор до крајот
Филе го употреби терминот „македонски“ во Прага
Три момчиња загинаа во сообраќајка кај Берово
Маковеј - Македонија подобра во борбата со корупцијата од некои земји од ЕУ
Четворица млади Французи починаа од „крокодил“
Затворски и условни казни за „Јака Табак“
Цвета соработката меѓу Владата и бизнисот
КФОР ги отстранува барикадите од Брњак
На Санадер не му треба патерицата
Анкета - Граѓаните задоволни од Владата во првите сто дена
Каубојска пресметка во кафе бар во Охрид



AMSTERDAM, 08.11.2011 14:49:23
MAKEDONSKO-GRCKI DOLGOVI. Pred nekoj den Germanskiot turo-operator TUI bese prviot koj pobara garancija od turstickiot sektor vo Grcija , za isplakanje na fakturite ,dokolku se premine na drahma.Za niv nema da bide vazno dali e evro ili drahma ,no isplatata da bide sigurna i vo istata vrednost.ZA DOLGOT MK-GR. Ako Makedonija dolzit ke se isplatit prema Grcija vo Evra , no dokolku Grcja dolzit ,MK treba so vreme da se obezbedit so garancija .Ne go znam soodnosot na dolg i kolkavav e vo momentot, no denes bef prisuten na edno mesto kade poglema kompanija od NL barase ista garancija za svojite dolgovi. Nee se taka optimisticki , odredeni faktori so vreme se osiguruvaat , Makedonija da ne ostane poftorno posledna.Za Grcija veke se velit deka krovot na kukata gorit prasanje e kolku spratovi od kukata ke izgorat pred ognot da zgasne. Taka da i IMF znael tri godini za ovaa situacija vo Grcija ,no informaciite vrvele niz filter samo do odredeni drzavi koji so vreme prezedoja nekoji akcii do

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


 
Најнови вести
Време
Скопје, 13°C

Сончево

Четврток
Сончево
Макс: 16°C, Мин: 0°C

Петок
Магла
Макс: 10°C, Мин: -3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани


Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |