09.11.2011, 14:17 (ФОТО) Пијан возач усмрти пешак
СТРУМИЦА - Дваесетгодишниот Борче Милушев загина во сообраќајна несреќа што се случи ноќеска околу 2 часот на магистралниот пат Струмица - Ново Село на делот што поминува низ селото Дабиле. Несреќата се случила во центарот на селото, во моментот кога Милушев го преминувал патот, а во него удрил автомобил „опел астра“, управуван од П.А. (19) од Струмица.
По несреќата, возачот побегнал, но по кусо време бил пронајден од полицијата. Му бил извршен алко-тест, при што возачот во крвта имал 1,5 промили алкохол. На местото на несреќата е извршен увид. (С.Т.)
|