08.11.2011, 21:39 ФИБА Европа демантира дека имало допинг на ЕП
Челниците на ФИБА Европа експресно реагираа на медиумските шпекулации, демантирајќи дека двајца кошаркари, еден од Македонија и еден од Шпанија биле позитивни на допинг тестот на неодамнешното Евроспко првенство во Литванија.
ФИБА Европа нагласува дека таквите информации се без доказ. ФИБА Европа би била првата која би била информирана за позитивни тестови на забранети супстанции за време на Евробаскетот 2011, натпреварување кое се покажа како најдоброто и најчистото во историјата на кошарката", стои во соопштението на ФИБА Европа.
Во текот на денешнот ден новинарски репортажи кои потекнаа од Литванија и кои подоцна беа репродуцирани низ Европа, укажуваа на двајца кошаркари кои биле позитивни на тестови за забранети супстанции за време на Евробаскетот.
|