26.10.2011, 14:34 Сити го казни Тевез со милион фунти
Манчестер Сити соопшти дека го казнил Карлос Тевез со одземање на едномесечна плата, бидејќи одби да влезе во игра од клупата за резерви за време на мечот од Лигата на шампионите против Баерн.
Како што се наведува, тој со тој потег прекршил пет ставки од договорот, поради што клубот ќе му одземе околу милион фунти.
Во соопштението се додава дека Аргентинецот одбил да продолжи со загревањето во вториот дел од натпреварот, кој неговиот тим го загуби со 0:2.
Тевез по тој натпревар, одигран на 27 септември во Минхен, е суспендиран од клубот и оттогаш нема заиграно.
Тевез, пак, планира лична одмазда против Манчини, кој целосно му го уништи имиџот во Англија со обвиненија дека одбил да влезе во игра. Аргентинецот тврди дека одбил повторно да се загрева, а не да влезе во играта, што според него се две сосема различни работи. Тевез верува дека лажните обвинувања му нанеле ненадоместлива штета.
|